Македонија и Берлинскиот конгрес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg, самото Македонско братство го додаде текстот на статијава; благодарам што се грижиш за авторските права
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
Во меѓувреме, Цариградската патријаршија, силно оружје на грчката влада, преку сите свои канали, организирала протести, декларации, писма и телеграми, против вклучувањето на Македонија во новата бугарска држава. Барањата, главно, се сведувале на тоа Македонија или да биде приклучена кон грчкото кралство или, во најмала рака, да остане во состав на веќе начнатата Турска империја. Нешто слично се случувало и во Белград. Започнала акција ширум Србија, чија цел била организирање протести против вклучувањето на дел од Србија и Македонија во новото соседно кнежевство. Србија, сепак, одела малку понапред: ако не се вклучи Македонија во рамките на српската држава, тогаш таа треба да добие автономна управа со христијански губернатор.
 
И додека траела оваа потегни-повлечи ситуација околу Македонија, во мај месец во Белград допатувал [[Димитар Робев]], дотогашен пратеник во турскиот парламент од Македонија. Тој ги осудил акциите на соседните земји да ја приграбат за себе македонската територија, притоа искажувајќи го мислењето дека жнајдобро решение е Македонија да остане независна и дека дури и самиот руски пратеник во Цариград, грофот Игнатиев, наводно, му рекол оти "Македонија не може да му припадне на ниеден од трите главни народи на Балканскиот Полуостров".
 
Русија, осиромашена од војната, се согласила во Берлин да се организира конгрес на кој ќе се ревидира Санстефанскиот договор. Цел месец (од 13 јуни до 13 јули 1878 година) траело надмудрувањето во Берлин меѓу големите. Основните одлуки на Конгресот се свеле на тоа Македонија и понатаму да остане под турска власт, новоформираната бугарска држава да се протега од Дунав до Стара Планина, а јужно од неа автономната област Источна Румелија. Австро-Унгарија ја окупирала Босна и Херцеговина, а Црна Гора и Србија со проширени територии, сосема се ослободиле од турската власт.
Ред 33:
Потписничките на Берлинскиот договор направија почетничка грешка, оставајќи и на Големата порта, победена и доведена во инфериорна положба, сама да одлучи кога ќе ги формира меѓународните комисии, преку кои реформата на Империјата ќе почне да се реализира. Цариград тоа никогаш не го направи, со што беше елиминирана можноста Македонија да добие автономија, како што тоа го предвидуваше берлинскиот меѓународен акт.
 
Тоа, пак, не значи дека отпорот против поробувачот во Македонија, и духовен и вооружен, престанал во очекување големите сили да го решат македонското прашање. Кон крајот на 1878 година, Диме Чакре од Прилеп, доброволец во Руско-турската војна, со високо турско одликување за храброст, во Крушево, со тамошните првенци, го започнал договарањето за мерките против турските зулуми. На крушевската средба присуствувале попот Христо и граѓаните Ицо Карев и Никола Ковачот. Било договорено заговорот да се прошири, да се собираат пари, оружје и калаузи, како и да се организираат нови борци. Мрежата брзо се проширила до Кичево, Прилеп, Охрид и Битола. Само крушевскиот заговорнички кружок броел 60-тина души. По поврзувањето на крушевскиот и охридскиот кружок во кој членувале и видни охридски граѓани, како Зафир Белев, Златан, братот на митрополитот Натанаил, [[Константин Робев]], Костадин Нончев и други, договорено било да се побара конкретна помош од рускиот конзул Њага во Битола. Пролетта 1881 година, Турците од Битола ги откриле кружоците во Крушево и Охрид и, по масовните апсења, околу 700 души се нашле по затворите. Биле откриени и браќата Чакрески во Прилеп, кои, не предавајќи се, загинале во борбата со Турците. Новоформираниот суд во Битола имал полни раце работа. По широчината на организирањето, по бројот на луѓето што ги опфатил, заговорот бил на најдобар пат да прерасне во вистинска народна организација.
 
Ајдутството земало се поголем замав. Тоа бил најдиректниот одговор на обесправеното население. Во Велешко веќе дејствувала четата на војводата Иљо Малешевски, чии акции се протегале дури до Солунско, како и четата на поп Костадин Бувски. Ако треба да им се верува на некои странски извори, бројот на четниците во Македонија се движел околу 6.000 души. Дедо Иљо, како што по свое народот го викал Иља Малешевски, со четниците го нападнал Царево Село (денешно Делчево), каде што бил стациониран еден турски гарнизон, и го освоил. Во Серско, уште во првите месеци на 1878 година дејствувале неколку чети ајдути. Четатата на војводата Бувски, која броела околу 200 души, дејствувала на просторот околу Лерин, Костур и Воден. Во Битолскиот санџак активни биле четите на војводата Алексо Влаот, на Котула, четата на војводата Васил, која се движела по Костурско и Охридско и која броела околу 2.000 души! Од двете страни на реката Струма, покрај ајдутските чети, по селата биле формирани чети на отпорот, кои најавувале револуционерно движење со определена македонска политичка идеологија.