Лазо Каровски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 16:31, 21 февруари 2006

Лазо Каровски е роден во Кавадарци во 1927 година. Своето образование го заврши во Скопје и докторираше на тема: Македонски печалбарски песни. Тој е еден од најпознатите македонски фолкористи, а истовремено е и познат автор и поет.

Каровски пишуваше и за деца и за возрасни.

Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:

  • Овчарче
  • Песната на славејот
  • Митко шета со ракета

Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората Светска војна, ја напиша поемата: Крвава Балада.

Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:

  • Тиквешка легенда,
  • Момина чука
  • Родината в песни
  • Родина
  • Стравини

Од неговото прозно творештво се издвојуваат:

Патишта

  • Заорок
  • Раскин

Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски.

Добитник е на бројни награди за литературна дејност.