Албанско востание (1912): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
== Текот на востанието ==
 
Востанието избувнало во јануари 1912 година и истото било подржано од Србија и Црна Гора. Италија од друга страна исто така го подржала востанието бидејќи во исто време војувала со Османлиите. Нивната помош се должела на дополнителна дестабилизација на Османлиската империја. Претходно албанските претставници се состаниле со османлиските власти но не добиле позитивен одговор во нивните барања. Исмаил Кемал бил одговорен за испорака на 15.000 пушки во Косово преку Црна Гора. Претходно бил низ европските земји каде добил оружје и средства и меѓународна поддршка за востанието. Во исто време тој кординирал со раководството на востаниците преку Британската амбасада во Скопје.
 
Хасан Приштина направил обид да ја привлече Бугарија како сојузник, нудејќи создавање на независна албанско-бугарска држава во Македонија. Во Британскиот конзулат во Скопје се состанил со бугарските претставници. Биртанският конзул ветувал силна поддршка на востанатото на Албанците.