Албанско востание (1912): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Албанското востание од 1912 година во Отоманската империја се одвивало во периодот од јануари до август 1912 година. По серијата успеси албанските револуционери го зазеле Скопје кој бил административен центар на Косовскиот вилает. Востанието завршило на 4 септември 1912 година, кога Високата порта се согласила да ги исполни барањата на востаниците.
 
== Позадина ==
 
Во јули 1908 година во Отоманската империја започнала Младотурската револуција. Како последица на тоа во Албанија даноците се зголемиле а Албанците продолжиле да се регрутираат во османлиската армија, а цивилното население било разоружано. Во 1910 година започнале серија од востанија кои не завршувале со успех. Во јануари 1912 година Хасан Приштина и Исмаил Кемал започнале подготовка за ново востание.