Евреи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.206.25 (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Ред 4:
Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на [[нација]], која потекнува од античките [[Израелити]] и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Терминот ''Евреин'' настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северно [[Кралство Израел]] и јужно [[Кралство Јудеја]]. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од [[Асирци|Асирците]]) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.
 
== Rade Gruevski Историја на Евреите и нивното населување на Балканот ==
 
Евреите се антички народ, создавачи на првата [[Монотеизам|монотеистичка]] религија - [[јудаизам|јудаизмот]]. Нивната историска прататковина е [[Палестина]]. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во [[Библија|Библијата]], а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава [[Израел]]. Откако Римјаните го задушуваат еврејското востание во [[66]] година од н.е. и го уништуваат [[Соломонов храм|Соломоновиот храм]], Евреите се раселуваат по целиот свет. Првите Евреи на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полустров]] се нарекуваат [[Ромањоти]], затоа што дошле за времето на [[Римска Империја|Римската Империја]]. Во [[Среден век|Средниот век]] на Балканот пристигнуваат [[Aшкенази|Ашкеназите]] - источноевропски Евреи, кои зборуваат [[германски јазик]]. Во [[1492]] на територијата на [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]] се населуваат [[Сефарди]]те, протерани од [[Шпанија]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Евреи