Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 91:
Во 1464 година Венеција го зазела островот [[Лемнос]] и го опсадила Митилини. Во август 1464 година дуждот [[Кристофоро Моро]] и папа Пије II се состаниле во [[Анкона]] каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во [[Пелопонез]], но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу [[Узун Хасан]] а помалиот од Османлиската империја. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на тронот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал.
 
Истата година Мехмед се обидел да го искористи [[Скендербег]] како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна [[Албанија]]. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината [[Елбасан]], по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на [[1466]] година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во [[Кроја]], [[Скендербег]] успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на [[Елбасан]]. Следната година османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите [[Скадар]], ДрищДришт, Леш, Кроја и [[Драч]] кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леш по една година.
 
Во 1467 година во [[Тракија]] имало [[епидемија]] од [[чума]]. Поради тоа султанот овој период ги поминал во [[Видин]] и [[Никопол]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II