Отоманска Албанија: Разлика помеѓу преработките

Додадени 1.775 бајти ,  пред 10 години
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
== Отпор против Османлиите ==
 
Албанскиот отпор против Османлиите започнал кон средината на 15 век. [[Јован Кастриоти]] бил еден од албанските аристократи кој претходно се заколнал во верност кон султанот. Тој бил принуден да ги испрати своите четири синови во османлискиот двор каде биле обучени за воена служба. Најмалиот од нив, [[Ѓерѓ Кастриот]] (1403-1468) го привлекол вниманието на султанот. Со прифаќањето на исламот тој го добил името Искендер. Тој учествувал во неколку походи во Мала Азија и Европа, па тој бил назначен за администратор на балканските земји и тој од тој период станал познат како Скендербег. Во 1443 година Скендербег доживеал пораз во [[Битка кај Ниш|битката кај Ниш]] од страна на [[Унгарци]]те. По овој пораз Скендербег преку измама испеал да го убеди османлискиот паша и владетел на [[Кројска тврдина|Кројската тврдина]] да ја предаде тврдината бидејќи така наредил султанот. Така по зазимањето на тврдината Скендербег го прифатил католицизмот и објавил света војна против Османлиите.