Отоманска Албанија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во текот на [[14 век]] на територијата на денешна [[Албанија]] и [[Епир]] опстојувале неколку суверени кнежества на чело на албански аристократи. Овие кнежества биле создадени по падот на Српското царство и инвазијата на Османлиите кон Балканот.
 
Османлиите својата империја ја прошириле од Анадолија кон Балканот во текот на 14 век преминувајќи го Босфорот во 1352 година. Во 1389 година се случила [[Косовска битка|Косовската битка]] каде биле поразени српските сили. Во текот на 1402 година започнала монголската инвазија во Анадолија па балканските земји се спасиле во наредните години од потпаѓање под османлиска власт. По кјајот на граѓанската војна Османлиите го 1453 година го зазеле Константинопол и своите сили ги насочиле кон неосвоените делови на Албанија и Епир.
 
Албанската земја се наоѓала под владеење на неколку скарани мали кнежества. Во 1385 година албанскиот началник на Драч апелирал за помош кон османлискиот султан за борба против династија Балшиќ кои ја контролирале Зета. Во [[Битка на Саврово поле|битката на Саврово поле]] Османлиите издвојувале победа над Зета по кое следувало албанските кнежества да се заколнат кон верност на Османлиската империја. Ѓирокастро станал главен град на санџакот кој бил формиран во 1419 година. Во 1423 година Мурат II започнал голема воена кампања кон Балканот. Во 1431 година паднала Јанина во Епир а во 1449 година тие веќе ги контролирале бреговите од Јонско Море. Албанските благородници имале право да ги задржат своите имоти и позиции како вазали но морале да ги испратат своите синови во турскиот двор како заложници за да се обезбеди османлиската власт над реонот во случај на востание.