Македонско прашање: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Како продолжување на оваа пропаганда денес грчката држава преку неприфаќање на името на македонската држава го негираат постоењето на македонската нација преку ирационалното неприфаќање на употребата на терминот Македонија, [[Македонци|Македонец]] и [[македонски јазик]], затоа што, според официјалнитот став, Македонија е името на нивна провинција, која постои од минатото од времето на [[Александар Македонски]], и нема врска со Словените кои се населиле неколку векови подоцна. Поради ова, Република Македонија исто така е позната и под називот ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), меѓутоа се обидуваат и двете страни да изнајдат заедничко име, меѓутоа ниту една од страните не се согласува со издадените предлози.
 
==МакедонскоМакедонското име во Обединетите нации==
 
Македонски научник проф. [[Игор Јанев]] во својот научен труд во реномираното списание ''American Journal of International Law'' покажа дека Македонија при приемот во Обединетите нации (ОН), беше условена со дополнителните услови надвор од исцрпно дефинираните во Повелбата на ОН, што е спротивно на Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правда (МСП) од 1948. година, и е спротивно на Резолуцијата 197/3 (1948) на Генералното собрание на ОН со која истото Советодавно мислење на овој суд се прифаќа. Во својот труд д-р Игор Јанев докажа незаконитоста на два дополнителни посебни услови за членството на Македонија во ОН. Условите за прием, специфични за Македонија се: 1) да се носи, по приемот во ОН, привремената деноминација Поранешна Југословенска Република Македонија, и 2. по приемот во ОН, Македонија да има обврска да преговара со друга земја (Грција) за уставното име (односно за својот мегународно-правен идентитет). Јанев го докажа ''ultra vires акт'' на ОН користејки методот и принципот според кои во времето трансцедентните услови за приемот во Организацијата на Обединетите нации (што траат по чин на приемот) не се легални и воопшто немаат правни својства. На овој начин д-р Јанев, откривајки го ''ultra vires акт'' предлага решение за прашањето за името во ОН. Овакво решение подразбира иницирање на постапка на Генералното собрание на ОН за добивањето Советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за законитоста на дополнителните посебни услови за членството на Македонија во ОН. Со добивањето на таквото советодавно мислење од судот според кое дополнителните услови за членството се нелегални, и со прифаќање на истото советодавното мислење од Генералното собрание на ОН,во истата резолуција со која се прифака овој став, би било воведно и користењето на уставното име (Република Македонија) во Обединетите нации. <ref> види Игор Јанев, AJIL, том 93. но. 1, 1999 </ref>.
 
 
== Наводи ==