Влашки јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 52 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q29316 (translate me)
Jingiby (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
За жал, пишаните извори на влашкиот јазик од поранешниот период (пред доаѓањето на Словените) се сведуваат на минимум, заради политичките пропаганди на двете најзаинтересирани држави за Власите - [[Грција]] и [[Романија]]. Се зборува за и одредени извори кои никогаш нема да нѝ бидат достапни, како пишаните дела на аромански (влашки) јазик од Св. Наум со словенски (кирилски) букви.
 
За врховно достигнување на аромански (влашки) јазик се смета т.н. „Москополски период“ наречен и прва ренесанса на влашкиот јазик. Тогаш ароманскиот (влашкиот) јазик го достигнува својот максимум: била отворена првата Академија на Балканот наречена „Нова Академија“, печатницата на Браќата Маркизи Пуљу, во црквите (околу 70 на број) се богослужело на аромански (влашки) јазик, познат е и преводот на најзначајните дела (Библијата и Псалтирот) а потоа и повеќе дидактички дела (од кои е зачувана PROTOPIRIA (Првоучение) на [[Теодор Анастас Кавалиоти]] со околу 1200 зборови со преводни еквиваленти на аромански (влашки), грчки и албански; NЕА PEDAGOGHIA (Νέα Παιδαγωγία,Нова педагогија) на [[Константин Укута]] како и TETRAGLOSSAR (гр.Τετραγλωσσάριο,Четиријазичникот) на [[Даниил Москополец]] -што е дел од ISAGOGHIKI DIDASCALIA (гр.Εισαγωγική Διδασκαλία,Воведно учение,) каде покрај четиријазичниот лексикон на аромански (влашки), грчки, бугарски и албански; содржани се лекции од математика, природа и логика). За жал со спалувањето на Москополе во повеќе наврати од страна на сатрапот Али Паша Јанински, сите останати дела се забележани во библиографиите на пооделните ракописи.
Во времето пред отворањето на ароманските (влашките) училишта во [[Македонија]] (1864 година), останати се повеќе извори како: написот на црквата во Музакија, денешна [[Албанија]] со грчки букви, кој гласи: „Βίργιρε Μούμα-λ τουμνεζί ώρε τρέ νόϊ πεκετόσσλοιι“ (Virghirã, Muma-a Dumnidzãlui ora ti noi pecãtoshlji) што доаѓа од латинското: Vergine, Mater Dei, ora pro nobis peccatoribus. (Богородице, Мајко Божја пази на нас грешните). Написот е датиран од 1731 година.