Изида: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Култот кон Изида главно се развивал во два центри: градот Хелиополис и (нилскиот остров) Фила. Обожувањето во Фила било најактивно на крајот од [[4 век п.н.е.]], за време на 30-тата династија.
 
Нејзиното име буквално значи [[жена]] на [[престол]], т.е. само „престол“ нешто што е често претставено како [[амблем]] или покривка на глава. Нејзиното име преку [[хиероглифи]]те често се поврзува со светост на историските кралици. Често се прикажува како носи сончев диск и рогови од крава, кои се слични со оние од божицата на љубовта и забавата [[Хатор]]. Често се прикажува и грабливец/лешинар на нејзината круна или пак кралската кобра „Уреус“„Уреj“, која е симбол на [[магија|магиските]] способности (Кундалини).
 
Во митот за [[Озирис]], кој бил убиен и распарчан на делови од неговиот брат [[Сет (бог)|Сет]], таа успева да ги собере сите делови (освен пенисот кој го проголтале крокодилите) од мртвиот сопруг и брат Озирис и да ги спроведе погребните обичаи. Откако Хор пораснал, тој успеал да го порази вујкото Сет и да ја одмазди смртта на татка си Озирис. Оттогаш Хор се смета како првиот владетел на обединетиот Египет. Затоа често пати во прегратките на Изида, наместо Хор се прикажувани фараоните.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Изида