Озирис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
 
[[Податотека:Egypt.Osiris.statuette.01.jpg|Osiris|frame|right|Скулптура на Озирис]]
Според [[египет]]ските верувања, '''Озирис''' имал божествено потекло, го снашла смрт, и бил осакатен од раката на злото, а по голема борба со овие сили и со помошта на [[Бог]]овите тој повторно оживеал, и од тогаш станал цар на [[Подземен свет|подземјето]] и судија на мртвите, а и бог на [[воскресение]]то. Бил издигнат на толку високо место на небото што станал еднаков, а во одредени случаи и надмоќен од [[Ра]], Богот-Сонце. Бил еден од најбитните богови во [[староегипетска религија|староегипетската религија]] и заземал видно место и во најстарите погребни книги и во ,,[[Книгата на мртвите]]". Исто така, бил еден од деветмината богови на [[Енеадата]] од Хелиополис.
Ред 21 ⟶ 20:
Озирис бил еден од најважните Богови во египетската религија и бил обожуван од [[Египќани]]те уште од преддинастичкото време. Поради тоа што воскреснал од мртвите со помош на Боговите, тој бил сметан за бог на воскресението. Илјадници години мажите и жените умирале верувајќи дека боговите ќе го сторат она што го сториле за Озирис, дека како и тој и тие ќе одново ќе станат и ќе наследат вечен живот. Колку и далеку да ја следиме историјата на египетската религија во минатото, верувањето во воскресението никогаш не исчезнало.
 
Постојат докази во ,,Книгата на мртвите" за поистоветувањето на Озирис со Ра, т.е. за еднаквоста на Озирис со Ра. Таму се илустрирани Ра и Озирис кои во облик на соколи стојат на пилон со лицата еден спроти друг. Ра на главата има [[диск]], додека Озирис има бела [[круна]], а на неа има два [[пердув]]и од [[ној]] (така е и прикажан на најголем дел од сликите). Веднаш се забележува фактот дека Озирисовата душа и при средбата со Ра ја задржува човечкатачовечкиот формаоблик на лицето; тоа е знак на неговата сродност со човекот. Озирис, исто така, го носел [[амблем]]от и бил претставник на Богот [[Хепер]], кој го предизвикал настанокот на сите нешта, па така и воскресението. На овој начин Озирис е извор и зачетник на боговите, луѓето и сè останато.
 
Причина за одржување на култот кон Озирис во Египет бил фактот што тој на своите следбеници им ветувал воскресение на нивниот [[дух]] и негов вечен живот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озирис