Озирис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
 
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Egypt.Osiris.statuette.01.jpg|Osiris|frame|right|Скулптура на Озирис]]
Според [[египет]]ските верувања, '''Озирис''' имал божествено потекло, го снашла смрт, и бил осакатен од раката на злото, а по голема борба со овие сили и со помошта на [[Бог]]овите тој повторно оживеал, и од тогаш станал цар на [[Подземен свет|подземјето]] и судија на мртвите, а и бог на [[воскресение]]то. Бил издигнат на толку високо место на небото што станал еднаков, а во одредени случаи и надмоќен од [[Ра]], Богот-Сонце. Бил еден од најбитните богови во [[староегипетска религија|староегипетската религија]] и заземал видно место и во најстарите погребни книги и во ,,[[Книгата на мртвите]]". Исто така, бил еден од деветмината богови на [[Енеадата]] од Хелиополис.
Ред 13:
Изида била во голема жалост и со скршено срце. По жалоста тргнала по целата земја во потрага по ковчегот. Од некои деца дознала преку која утока на Нил ковчегот бил пренесен до морето. Потоа дознала дека ковчегот, морските бранови го однеле до брегот [[Библос]] и таму нежно го наместиле во гранките на [[тамарис]]ка грмушка, која за кратко време израснала во големо, раскошно и убаво дрво, обраснувајќи околу ковчегот и покривајќи го од сите страни, па веднаш заминала таму. Кралот пак што владеел таму незнаејќи што има внатре, го исекол дрвото за да го користи како столб во неговата [[палата]]. Кога пристигнала, Изида за кратко време се зближила со владетелите на Библос во тоа време, односно со кралот [[Мелкарт]] и кралицата [[Астарта]].
 
Кралицата, пак, поради пријателството и зближеноста со Изида, ја поставила за дадилка на едно од нејзините синови. Изида на детето му давала да цица прст, наместо дојка; исто така секоја ноќ го ставала во оган за да го уништи неговиот смртен дел. Потоа се претворувала во ластовица и летала околу столбот на палата, оплакувајќи ја својата тажна судбина. Ова го повторувала извесно време, сè додека кралицата не вреснала кога го видела своето дете во пламен, и така го лишила од бесмртноста. По овој настан Изида се открила која е и побарала да се исече дрвото и да се извади ковчегот, па се фрлила над него, и толку силно и грозно заплакала, што до смрт се преплашил помладиот кралски син. Потоа таа со ковчегот запловила накај Египет. Кога се вратила и кога никој не ја гледал го отворила ковчегот и се претворила во сокол, која мавтајќи со своите големи крилја предизвикала [[магија]] со која му внела животен здив на Озирис за еден ден. На тој ден таа на магичен начин била зачната од Озирис и од овој однос потекнува [[Хор Помладиот]]. Изида го скрила ковчегот од Сет, но тој при еден лов го пронашол и го распарчил телото на четиринаесет делови. Изида повторно тргнала да ги бара распарчените делови на нејзиниот маж и каде и да нашла некој дел од нејзиниот маж таму правела и негов [[кип]]. Во наоѓањето на деловите од својот маж доста ѝ помогнале [[Анубис]] и Нефтида. Ги пронашле сите делови, освен неговиот полов орган кој бил фрлен во Нил и изеден од некои риби, па како негова замена Изида направила негов модел (фалус). Телото на Озирис било повторно составено, Анубис го балзамирал и мумифицирал и заедно со помошта на магичните формули на [[Тот]] и некои [[ритуал]]и, Озирис повторно оживеал и бил пратен да владее во [[Подземен свет|подземниот свет]]. Синот на Изида и Озирис - Хор, кога пораснал тргнал во борба против [[Сет]] за да се одмазди. Тот му помагал со магии на [[Хор ([[Хорусбог)|Хор]]) во битката. Во трите водени битки Хор победил, а Сет бил поразен, избркан од царството и протеран во пустина од каде што сакал да се врати и да го уништи Египет, т.е. сакал да се врати и да воведе целосен [[Карма|кармички]] хаос.
 
== Симболизам ==
Ред 24:
 
Причина за одржување на култот кон Озирис во Египет бил фактот што тој на своите следбеници им ветувал воскресение на нивниот [[дух]] и негов вечен живот.
 
 
{{Египетски божества}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озирис