Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 59:
===Белград===
[[Image:Siege of Nándorfehérvár.jpg|thumb|right|200px|Опсада на Белград]]
Веднаш по падот на Константинопол Мехмед II побарал од смедеревскиот деспот [[ЃоргиЃураѓ Бранковиќ]] да му врати некои земји, отстапени од Мурат, но деспотот тоа го одбил. Во април 1454 година тој спровел поход кон Поморавието и презел две тврдини, останувајќи до крајот на август во [[Софија]], а потоа се вратил во [[Едрене]]. Малку подоцна унгарските војници предводени од Јанош Хуњадиго принудиле да се повлече. Во 1455 година Мехмед го зазел Ново Брдо, едно од најзначајните рударски центри на [[Балкан]]от.
 
Во 1454-1455 година османлиската флота разграбила некои егејски острови, по што Мехмед влегол во конфликт со [[Република Џенова]]. На крајот на 1455 година ги зазел островите Стара и Нова Фокеја, а во јануари 1456 година лично раководел со заземањето градот [[Енос]]. Во јуни истата година Османлиите ја освоиле и Атина, која дотогаш била под власта на фиренската фамилија Ачаиуоли.
Ред 71:
Во пролетта на [[1458]] година Мехмед започнал нов поход кон [[Пелопонеско деспотство|Пелопонеското деспотство]]. На 15 мај го опсадил [[Коринт]] и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во [[Пелопонез]] и ги ограбиле градовите. Во есента османлиските сили се повлекле оставајќи ги двата деспота Тома и Димитар да војуваат меѓу нив.
 
Во пролетта [[1457]] година починал смедеревскиот деспот [[ЃоргиЃураѓ Бранковиќ]] и бил наследен од својот син [[Лазар Бранковиќ]] кој исто така починал неколку месеци подоцна. Во следните месеци помеѓу српската аристократија избил конфликт. Едната страна била проосманлиски ориентирана а другата проунгарски. Ова му дало шанса на Мехмед повторно да организира поход, но бидејќи бил на [[Пелопонез]] оваа задача му била доделена на големиот везир [[Махмуд Паша]]. Тој успеал да го заземе [[Смедерево]], Голубац и Митровица а по ова заминал за [[Скопје]] каде се сретнал со султанот и армијата од Пелопонез. Во [[1459]] година Мехмед заминал кон Амасра, џеновска територија на [[Црно Море]], кое се предало без војна.
 
Во 1460 година султанот се замешал во конфликтот меѓу пелопонеските деспоти и искористувајќи го конфликтот успеал да го заземе целиот Пелопонез со исклучок на Монемвасија која била предадена на папата. Деспотот Тома заминал во Рим, додека пак Димитар станал владетел на Имброс и Лемнос како награда од султанот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II