Каталонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 115 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q5705 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Како и некои други делови во останатиот дел од медитеранскиот брег на Пиринејски полуостров, Каталонија била колонизирана од старите Грци, кои се населиле околу областа Росас (Roses). И грците и картаѓаните (кои, во текот на Втората пунска војна, кратко владееле со територијата) соработувале со главните пиринејски слоеви. По поразот на Картагина од страна на Рим, заедно со остатокот од Шпанија стануваат дел од Римското царство, а Тарако (Tarraco) е еден од главните римски столбови на Пиринејскиот полуостров.
Каталонија, потпаднала под власт на висиготите цели четири века по распаѓањето на Римската империја. Во 8-миот век, таа потпаѓа под власт на мавританскиот Ал Aндалус (Moorish al-Andalus). Сепак, по поразот на трупите на Емир Абдул Рахман Ал Гафики (Abdul Rahman Al Ghafiqi) kaj Турс (Tours) во 732, франките ги освојуваат поранешните држави на висиготите кои биле заробени од страна на муслиманите или станале сојузници со најсеверниот дел од Каталонија. Карло Велики во 795 ја создава познатата тампон зона, Шпанската Марка, надвор од провинцијата Септиманија составена од локално административни одделни мали царства која послужила како одбранбена бариера помеѓу омајадите и маврите на Ал-Aнадлус и кралството на франките.
Културата на каталононија започнала да се развива во текот на средниот век во голем број на овие мали кралства организирани како мали држави во најсеверниот дел од Каталонија. Грофовствата на Барселона биле водени од франски[[франки]]ски вазали поставени од страна на императорот, а потоа и крал на Франција, на кого му биле феудалци (801-987).
Во 987 грофот на Барселона не го признава францускиот крал Хју Капет и неговата нова династија, која ефективно ја става Каталонија под владеењето на Франките. Во 1137, Рамон Беренгер IV, гроф на Барселона кој бил во брак со кралицата Петронила од Арагон, го воведува сојузот на државата Барселона со Кралството Арагон, кој ја создава Круната на Арагон.
Со Договорот од Корбел, од 1258 година, кралот на Франција формално ја предава феудална власт во окрузите на кнежеството Каталонија на кралот на Арагон, Џејмс I, потомок на Рамон Беренгер IV. Овој договор ја трансформира de facto автономијата во de jure дирекно владеење на Арагон. Како дел од Круната на Арагон, Каталонија станува поморска сила, помагајќи го проширувњето на Круната, со трговија и освојување во Кралството на Валенсија, Балеарските острови и на крајот дури и Сардинија, Сицилија, Корзика, Неапол, Атина.