Разлика помеѓу преработките на „Осман I“

Одземени 6 бајти ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 60 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q83100 (translate me))
с
Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на [[Отоманци]]те во Отоманската Империја, која постоела шест векови. Осман на чело дошол во 1281 година. Се оженил со ќерка на богатиот бег Омер од кој брак се родил наследникот [[Орхан I]]. Во тоа време биле регрутирани голем број на војници од исламскиот свет за да се борат против се повеќе слабата Византија. Турското население во Анадолија значително се зголемило по доаѓањето на голем број на бегалци кои бегале од Монголската инвазија. Под негово раководство овие борци многу бргу се покажале како сериозна сила и темелите на новата империја биле многу бргу поставени.
 
Во [[1284]] година селџукскиотселџучкиот султан Алаедин III починал и како главни претенденти за неговата територија останале Осман и емирот на [[Караманија]]. Долгата и жестока борба меѓу потомците на Осман и Караманогулари започнала во текот на животот на Осман. Самиот Осман имал поголеми предности во однос на својот ривал главно поради неговата местоположба и блискоста со Византија.
 
Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во [[1281]] година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркскитуркиски народи во една држава. Териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Во [[1291]] година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на [[СелџукскаСелџучка империја|СелџукскатаСелџучкото империјацарство]] и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. Кон почетокот на [[14 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини<ref name="Steven Runciman pg 32">''The Fall of Constantinople 1453'' by [[Steven Runciman]], pg 32</ref>. Во [[1302]] година била издвојувана голема победа во [[Битка кај Бафеј|битката кај Бафеј]].
 
Алармирани од растечкото влијание на Осман, Византијците постепено започнале да ги напуштаат селата во Анадолија и своите воени ресурси ги насочиле кон морнарицата. Византиското раководство било решено да го спречи на Осман да премине во Европа и се очајнички се обидувало да ги држи силите на Осман на западната граница. Осман сепак продолжил со напредувањето и започнал со опсада на Ефес во [[Егејско море]]<ref name="Steven Runciman pg 32"/>. Дополнително засилен од приливот на емигранти на негова територија, Осман исто така се преселил и кон исток каде слободно ги запленил византиските поседи во реонот околу [[Црно море]] во [[Анадолија]].