Психо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
== Дејство ==
 
Мерион Крејн ([[Џенет Ли]]), вработена во агенција за недвижности во [[Феникс]] зема 40.000 долари од клиент и наместо да ги пријави во банка, со своето возило се упатува кон куќата на својот љубовник Сем Лумис ([[Џон Гавин]]) во Фервеил, [[Калифорнија]] сакајќи да му помогне во финансиските проблеми наследени од татко му и од бракот, како и во бизнисот. Сем Лумис е разведен, живее и работи во Фервеил, [[Калифорнија]] и поседува дуќан за градинарски алат и земјоделска аптека. Патот од [[Феникс]] до [[Калифорнија]] и се чини премногу долг, со оглед на тоа дека е прилично вознемирена и возбудена со толкава сума пари покрај себе. Има чувство дека секој присутен наоколу ја следи во чекор. Затоа патем малку запира да се одмори. Истовремено решава да го промени возилото, но психолошките трауми се се поголеми и вечерта после долго и напорно возење по дожд, скршнува од главниот пат барајќи изолирано место за ноќевање, најпосле запирајќи пред мотелот на Норман Бејтс ([[Ентони Перкинс]]).
 
Норман Бејтс и нуди вечера на Мерион, раскажувајќи и дека живее со својата болна мајка (Норма Бејтс), дека животот и не му е така досаден затоа што ги води работите околу мотелот без оглед што нема многу посетители како порано од причина што сега тука доаѓаат ”само луѓе што згрешиле” бидејќи новиот автопат го заобиколува неговиот мотел. Нагласува и тоа дека големо хоби му е да препарира птици со скапи хемиски средства.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Психо