Универзитетски културен центар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
Универзитетскиот културен центар е организиран на тој начин што ги покрива широките подрачја на културата и уметноста. Организацијата на овoј центар овозможува посветеност на повеќе области од сферата на [[театар|театарот]], [[музика|музиката]], [[ликовна уметност|ликовната уметност]], [[книжевност|книжевноста]], фотографијата но и новите уметнички изрази и мултимедијални форми кои се негуваат подеднакво како класичните уметнички пристапи. Универзитетскиот културен центар е отворен за сите студенти и членови на академската заедница и постојано им дава поддршка на сите поединци кои сакаат да ги задоволат своите интереси, да ја канализираат својата креативна енергија и да ја запознаат јавноста со своето работење.
=='''Активности'''==
Универзитетскиот културен центар работи според годишна програма која опфаќа голем број на културни и уметнички настани, пред сѐ сконцентрирани во текот на зимскиот и летниот центар. Културните и уметнички настани се реализираат во Мултимедијалниот центар на [[Универзитет Гоце Делчев|Универзитетот „Гоце Делчев“]] – [[Штип]] со капацитет од 330 седишта и извонредни технички можности. Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е место каде се случуваат голем број на филмски проекции, концертни настапи, се одржуваат поетски читања, промоции, трибини и работилници од областа на културата и уметноста. Мултимедијалниот центар се користи и како активен простор каде се играат голем број на театарски претстави. На овој начин Универзитетскиот културен центар традиционално го организира [[Фестивал на театар и краток филм „Култра“|Фестивалот на Театар и краток филм „КУЛТУРА“]], [[културна манифестација УГД Сцена|културната манифестација „УГД СЦЕНА“ ]], универзитетските филмски недели посветени на филмската кинематографија специфична за различни земји од светот итн. Универзитетскиот културен центар се грижи културните и уметнички настани да им бидат понудени на сите студенти на Универзитетот, токму заради тоа, покрај настаните во Штип, Универзитетскиот културен центар редовно организира културни и уметнички настани и во останатите градови каде Универзитетот има свои наставни центри.<br />
Универзитетскиот културен центар е фокусиран подеднакво на повеќе области од културата и уметноста, формирајќи повеќе активни групи од областа на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста итн. Универзитетскиот културен центар е отворен за соработка со сите студенти кои сакаат да истражуваат во областа на културата и уметноста и да ги развиваат своите потенцијали и интереси.