Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
Левантската позадина (татко му пред службата во амбасадата во Истанбул бил трговски претставник во [[Венеција]]) и луксузот и совршенството во кое тој е воспитан, Шение го прават привлечен бонвиван кој потполно ужива во лесната ноншалантност од Париските салони, но и будоари. Во исто време во него постои и чувствителен уметник, надарен со богат внатрешен живот, она што му овозможува да се изолира од напорниот свет наколу и да се вивне во сферите на медитацијата и поетската инспирација. Единствен вистински поет на своето време, ја возобновува и реоткрива Грчката класична литература и и ја дава возобновената убавина во своите моќни стихови, помирувајќи ја антиката со модерната мисла и ревитализирајќи ја одамна загубената лирика во Француската поезија.
 
Бесмртни се стиховите напишани во затворот ноќта пред смртта; треперат со воздишката на загубениот рај, но и надежсо надежта дека неговиот живот е жртва кон подоброто утре за којшто тој постојано копнеекопнеел. Исклучително импозантно дело се неговите [[Јамби]] (стихови во најизменично повторување на 12 и 8 слогови), исто така напишани во затворот. Позната е приказната за затвореничката Еме де Коањи, за која луѓето веќе измислиле легенда. Многу нормално, Шение веднаш бил пленет од убавината на 23 годишната девојка. По веќе овековечените Ликори и Фани, станува неговата последна [[муза]], онаа која му ги инспирира неговите последни, најубави стихови, оние на ''Младата заточеничка''. Оваа поема – заедно со сите други негови песни напишани во Сен Лазар, била кришум изнесувана надвор од ѕидините на затворот во корпа со облека за перење – огромно придонела за легендата за несреќната љубов помеѓу поетот и Еме де Коањи, која, секако, никојпат не се ни случила во вистинскиот живот. Всушност, оваа муза е малку веројатно дека би можела да биде „ангелското суштество“ што се појавува во поемата; повеќе би било за верување дека тоа било само естетско сонување на големиот поет. Омажена на 16 години, Еме имала многу познати љубовници, како што бил неодоливиот Лозен, потоа лордот Малмесбери и де Монтрон. Де Монтрон бил затворен во Сен Лазар заедно со неа; тие и стапиле набргу во брак (сопругот на де Коањи бил во егзил поради револуцијата и набргу починал) откога успеале да избегаат од затворот, подмитувајќи ги стражарите со 100 златника. Во нејзините мемоари таа ниту еднаш не го споменува Шение, и многу веројатно е оти не била свесна дека станала бесмртна поради песната на големиот поет.
 
==Надворешни Врски==