Нојшванштајн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 59 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q4152 (translate me)
Ред 26:
Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија, за разлика од блискиот замок [[Хоеншвангау (замок)|Хоеншвангау]], кој е во сопственост на поглаварот на семејството [[Вителсбах]], моментално војводата [[Франц, Војвода од Баварија|Франц]]. Од 1990 наваму, Баварската влада има потрошено над 14.5 милиони евра за одржување на замокот, негово реновирање и посетителските услуги.<ref name="Neuschwanstein today"/>
 
e kako ne
== Историја ==
[[Податотека:Neuschwanstein Castle LOC print rotated.jpg|thumb|left|[[Фотохромна слика]] на предната фасада и околината, некаде во 1890-тите]]
Замислата за замокот потекнува од самиот [[Лудвиг II]], кој ја изразува во неговото писмо до [[Рихард Вагнер]], потпишано на [[13 мај]], [[1868]];
 
{{cquote|Намеравам да ги обновам рушевините на стариот замок кај Хоеншвангау блозу клисурата Полат во автентичен стил на замоците на старите германски витези... местото е најубаво што може да се најде, свето и непристапно, достоен храм за божетвениот пријател кој му донесе спасение и вистински благослов на светот.}}
 
[[Податотека:Neuschwanstein1886 2.jpg|thumb|Замокот во изградба, 1886]]
 
Каменот-темелник билк удрен на [[5 септември]] [[1869]]. Нојшванштајн е дизајн на [[Кристијан Јанк]] кој бил сценограф, а не архитект, што зборува за намерите на [[Лудвиг II]] и ја објаснува фантастичноста на неговиот проект. Архитектонските решенија, од големо значење за таков опасен терен, ги дал најпрвин [[минхен]]скиот дворски архитект [[Едуард Ридел]], а подоцна и Георг Долман, зет на архитектот [[Лео фон Кленце]].
 
Дворецот најрвин се нарекувал Нов [[Хеоншвангау (замок)|Хоеншвангау]] сѐ до смртта на кралот, кога бил преименуван во Нојшванштајн - замокот на Лебедовиот Витез [[Лоенгрин]], од Вагнеровата [[Лоенгрин (опера)|истоимена опера]]. По потекло, првобитниот замок се нарекувал Шванштајн, седиште на витезите од [[Швангау]], чиј амблем бил лебедот.
 
Нојшванштајн бил речиси завршен, кога во 1886, Државната комисија на чело со Д-р. Бернхард фон Гуден го прогласила кралот за луд и веднаш го уапсила. Кралот не можел да се совземе и го прашал фон Гуден, „Како можете да ме прогласите за луд? Не ме ни прегледавте!“<ref> Sailer, Anton, ''Castles, Mystery, and Music, the Legend of Ludwig II'', Munich, реиздание 1983: 136, ISBN 3-7654-1898-6 </ref> Потоа кралот бил однесен во замокот [[Берг (замок во Баварија)|Берг]], но на [[13 јуни]], [[1886]] го нашле удавен во плитка вода во блиското езеро [[Штарнберг (езеро)|Штарнберг]], заедно со фон Гуден, психијатарот кој го ставил под надзор. До денес не се знае како и зошто кралот и докторот завршиле мртви. Се претпоставува дека за симнувањето на Лудвиг од престолот е одговорно семејството Вителсбах кое повеќе не можело да ја толерира екстравагантноста на Лудвиг за која се расфрлал со приватни пари на династијата.
 
== Архитектура ==