Пунски војни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ја заменувам страницата со 'bla bla'
Ред 1:
bla bla
'''Пунските војни''' биле војни помеѓу [[Римската Република]] и [[Картагина]] водени помеѓу 264. и 146.г.п.н.е.<ref>Chris Scarre, "The Wars with Carthage," ''The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome'' (London: Penguin Books, 1995), 24-25.</ref> Тие се познати како Пунски војни според латинското име (''punici, poenici'') за претците на картагинците - [[Феникија|феникијците]].
 
Главната причина за војните бил судирот на интересите помеѓу Картагинското царство и Римската Република која била во подем. На почетокот на првата војна, градот-држава Картагина била доминантна сила во западниот [[Медитеран]] со големо поморско царство кое се протегало по брегот на Иберискиот полуостров, островите во Средоземното море и во северна Африка од Египет до Атлантскиот океан. Во меѓувреме, Рим завладеал со целиот Апенински полуостров и тежнеел да се прошири понатаму.
 
Со крајот на третата војна, по повеќе од 100 години војување и смртта на стотици илјади војници на обете страни, Рим го освоил Картагинското царство и го уништил градот до темел. Во истиот период, Рим водел војни напоредно и со Илирија, Македонија и Сирија, кои исто така завршиле со победа. Со тоа Рим станал доминантна сила во тогашниот познат свет.
 
== Прва Пунска Војна ==
 
{{main|Првата Пунска војна }}
 
Првата Пунска Војна (264.-241.г.п.н.е.) започнала како локален конфликт на Сицилија, во кој се замешале и Картагина и Рим. Војната ги чинела скапо обете страни, но по 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Штетите од војната ја дестабилизирале Картагина до таа мерка, што Рим ги присвоил и [[Сардинија]] и [[Корзика]] неколку години подоцна.
 
Во 241.г.п.н.е. Картагина била принудена да му ја отстапи Сицилија на Рим. Покрај тоа, Картагина била принудена да плаќа и огромни репарации.
 
 
Втората Пунска Војна (218.-201.г.п.н.е) е најпозната по тоа што Ханибал ги минал Алпите со карван од слонови и од север ненадејно навлегол во Римското царство. Но тој всушност не ја постигнал целта - да го освои градот Рим и конечно да го порази.
Ханибал знаел дека римјаните имаат слаба коњица, затоа развил силна коњичка војска, која била главен фактор на успех врз римските легии.[1]
На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал неколку пати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел Картагинските колонијални градови со променлив успех, сè додека конечно не се повлекол кон Италија, и во Сицилија, кајшто Римјаните оствариле воена превласт.
Додека се бореле со Ханибал во Италија, Хиспанија и Сицилија, Римјаните воделе и војна против Македонија. Подоцна, војната со Картагина продолжила во Африка, кајшто Картагина била поразена во Битката кај Зама од Сципион Африканецот. Крајот на војната го означил и крајот на Картагинското царство - нејзината моќ била ограничена само на градот Картагина.
 
 
Војската на Ханибал навлегува во Италија преку Алпите на слонови: настанот преминал во Европските легенди. Детал од фреска околу 1510, Капитолски музеи, Рим
Во 219. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората Пунска војна. По нападот на Сагантум, Ханибал ги изненадил Римјаните во 218. кога директно ја нападнал Италија. Тој предводел голема платеничка војска, составена главно од Гали, Хиспанци и Нумидијци, и околу 36 афрички слонови преку Алпите. движејќи се од Алпите на север кон Рим на југ ги победил римјаните во неколку битки: кај реката Требија (218 п.н.е), Тразименско Езеро (217 п.н.е) и Кана (216 п.н.е). Ненадениот напад преку Алпите имал двоен ефект: иако ги победил римјаните во неколку битки, поради студот и тесните планински патишта, Ханибал ги загубил слоновите и опсадните оружја, што го оневозможило да го опсади и освои Рим.
Поради ова, како и поради слабата поддршка што ја добивал од Картагина, Ханибал не бил во можност да ја заврши војната со успех, и таа продолжила уште 16 години без конечен резултат.
Во Хиспанија, еден млад Римски командант, Публиус Корнелиус Сципион успеал да ги победи Картагинските сили предводени од Хасдрубал. Напуштајќи ја Хиспанија, Хасдрубал се повлекол преку Алпите во Италија за да му се придружи на Ханибал. Но, неговото напредување било попречено од римските војски, бил опколен и убиен.
 
 
 
После зацврстувањето на позициите во Хиспанија, Сципион се заканувал да ја нападне и самата Картагина. Поради тоа, Ханибал во 203. се вратил во Африка за да го брани градот. Во Битката кај Зама во 202. Римјаните конечно го победиле Ханибал во отворена битка, и Картагина била принудена да склучи мир под понижувачки услови: откажување од странските колонии, плаќање на големи отштети и забрана за создавање на сопствена војска и морнарица.
 
== Третата Пунска Војна ==
 
{{main|Третата Пунска војна }}
 
Третата Пунска Војна (149.-146.г.п.н.е.) значела долга опсада на Картагина, која завршила со целосно уништување на градот. Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска Војна.
 
Во 149., Римјаните го опсадиле градот. Картагинците, кои немале своја војска, се обидувале да се одбранат на најневозможни начини: дури ги правеле јажињата за катапултите од косите на жените. Но, воената надмоќ на Римјаните конечно дошла до израз и тие ја пробиле одбраната на градот во 146.г.п.н.е. Тие го уништиле градот, систематски го запалиле и разурнале, и целокупното население го одвеле во ропство.
 
== Наводи ==
 
{{reflist}}
 
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.redrampant.com/roma/punicwars.html Punic Wars Timeline] {{en}}
* Holst, Sanford [http://www.phoenician.org/punic_wars_and_peace.htm "War and Peace"] this academic paper shows the descent into Punic Wars, and addresses division of power between Europe and Africa. {{en}}
 
{{Војни на Стариот Рим}}
 
[[Категорија:Пунски војни| ]]