Земјотрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Quake epicenters 1963-98.png|thumb|350px|Светска карта на епицентрите на земјотреси 1963–1998]]
[[Податотека:Global plate motion 2008-04-17.jpg|мини|десно|350px|Поместување на тектонските плочи во светот]]
'''Земјотрес''' или '''потрес''' е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на [[тектонските плочи]], движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.<ref>Учебник по географија за трета година (гимназија); стр. 18 и 19</ref>
 
Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицантарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.
Ред 15:
Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува [[хипоцентар]], а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е [[епицентар]]. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок (300-730 km длабочина).
 
Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на [[релјеф]]от на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.
 
Предели кои се најподложни на земјотреси се [[вулкан]]ските огнени прстени и областите околу младите верижни [[планини]]. Во [[географија на Македонија|Македонија]] најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на [[Република Македонија]].
 
== Поврзано ==