Стар Египет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 122 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q11768 (translate me)
ситна поправка
Ред 10:
Успехот на страта египетска цивилизација делумно произлегол и од нивната способност да се приспособат кон условите во Долината по течението на Нил. Предвидливите поплави и контролираното наводнување на плодната долина придонело кон произведување на вишок култури, кои ги разгореле општествениот развој и културата. Со вишок ресурси, власта го поттикнала искористувањето на минералните суровини од долината и околните пустини. Развивањето на независен збучен систем, организирањето на колективно градење и земјоделски проекти, трговијата со околните региони и воената опрема наменета за поразување на надворешните непријатели ја осигурале египетската доминација. Поттикнувањето и организирањето на овие активности било изведено од страна на бирократијата сочинета од првокласни писари, верски водачи и службеници кои биле под контрола на фараонот кој обезбедувал соработка и единство на египетскиот народ во смисла на религиозните верувања.
 
Помеѓу многуте достигнувања на античките египќани биле и техниките за експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните тхникитeхники кои ја олеснувале изградбата на величенствените пирамиди, храмови и обелисци. Египќаните исто така развиле и математички систем, практичен и ефективен медицински систем, систем за наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале технологија за производство на стакло, создале нови литературни форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае. Египет зад себе оставил долготрајно наследство кој е од големо значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се носени во многу далчни делови од светот. Рушевините од спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во модерното време доведоа до научни истражувања на египетската цивилизација и поголема почит кон културното наследство во Египет и во светот.
 
До доцниот палеолитски период , и онака сувата клима во Северна Африка станала дополнително сува и топла со што населението од оваа област било приморано да се сконцентрира во Долината по течението на Нил и бидејќи номадските ловџиски племиња почнале да живеат во тој регион на крајот на Средниот Плеистценот пред околу 120 илјади години, Нил станал изворот на живот на Египет.Полноводноста на Нил им дала можност на луѓето да развијат постојано земјоделско стопанство и уште пософистицирано централизирано општество кое стана темел во историјата на човековата цивилизација.