Источна Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
букви
Ред 18:
Како културен и етнички концепт, поимот Источна Eвропа е дефиниран од германските националисти во 19 век, како Славјанска Европа, наспроти Германската (западна) Европа. Овој концепт е засилен во периодот пред почетокот на Втората светска војна и често користен во расистичката терминологија со цел да се прикажат славјанските култури како инфериорни кон западните/германски култури, јазици и традиции.
 
== ГеографксаГеографска положба ==
Источна Европа го зафаќа широкиот простор во источните делови на европскиот континент. Поточно, ги опфаќа териториите од Северниот Леден Океан на север до Црното Море, Кавказ и Каспиското Езеро на југ и југоисток, од Балтичкото Море и Карпатите на запад до планината и реката Урал на исток како формални граници меѓу Европа и Азија. Меѓутоа покрај излезот на овие мориња, географската положба на Источна Европа е нешто понепловна во однос на другите делови на Европа. Состојбата се подобрува со воспоставениот речно-каналски сообраќај, кој овозможува поврзување на внатрешноста на територијата со Црното Море, со Балтичкото Море, Каспиското Езеро и посредо со Северното Море.
Источна Европа преку Вратата на народите (територијата помеѓи Каспиското Езеро и планината Урал) комуницира со Азија, преку Црното Море и протоците Босфор и Дарданели се поврзува со Средоземното Море и Јужна Европа, а преку Балтичкото Море со Атланскиот Океан. Поради големите географски широчини и замрзнување, излезот и пловидбата по северните мориња се поорганизирани. Со исклучок на Белорусија и Молдавија, сите држави од Источна Европа излгуваат на море.