'''Божиќ''' или '''Божик''' е денот на [[Исус Христос|христовото]] раѓање според [[христијанство|христијанската]] традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по [[Велигден]]. Црквите кои го користат [[Грегоријанскиот календар]], вклучувајќи ги сите [[католицизам|католички]], [[протестантизам|протестантски]] и повеќето [[православие|православни]] цркви, го прославуваат на [[25 декември]]. Црквите кои го користат [[Јулијанскиот календар]], вклучувајќи ја и [[Македонската православна црква]], го прославуваат Божиќ на [[7 јануари]].
Со вечерата на денот пред Божиќ ([[Бадник]]) завршуваат предбожиќните пости.