Невронаука: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: филозоф... -> философ...
Ред 6:
== Историја ==
 
Проучувањето на нервниот систем поттекнува уште од Старстар Египет. Начинот трепанција, кој претставува хируршка пракса на дупчење или отворање на дупка во черепот со цел да се спречи главоболката, менталните пореметувања или ослободување на черепниот притисок, се вршела врз пациентите и датира уште од времето на неолитот и е пронајдена во повеќе култури ширум светот. Ракописите датираат од 1700 п.н.е. и укажуваат на тоа дека Египќаните имале познавања за симптомите на оштетувања во мозокот. Првите увиди за функцијата на мозокот се сметаат дека се видови од „черепни кутии“. Во Египет од доцното Средно Кралство па наваму, мозокот редовно бил префрлан за подготовка на мумификација. Тогаш се верувало дека срцето претставува место на интелегенција. Според Херодот, за време на првиот чекор на мумифицирање: „ Најсовршената пракса е да се извлече со железна јадица што е можно повеќе од мозокот, а она што јадицата нема да може да го достигне е измешано со лекови.“
Гледиштето дека срцето е извор на свеста не се разгледуваше сè до времето на Хипократ. Тој мислеше дека во мозокот не само што вклучено чувството, како и повеќе специфични органи ( очи, уши, јазик), кои што се во главата во близина на мозокот, туку исто така дека претставува место за интелегенција. Меѓутоа, Аристотел сметаше дека срцето е центар за интелегенција, а дека мозокот служи за да ја излади крвта. Ова гледиште беше општоприфатено сè до римскиот лекар Гален, следбеник на Хипократ и лекар на римските гладијатори, којшто забележал дека неговите пациенти ги загубиле своите ментални способности со оштетувањето на нивните мозоци.
Ал- Андалус, Абулакис, таткото на модерната хирургија, развил материјални и технички дизајни, кои што сè уште се користат во неврохирургијата. Аверос ја открил Паркинсовата болест и предлага фотопримателни својства на ретината( мрежницата). Авензоар го опишал манингитисот, меѓучерепен тромбофлембитис(воспаление на вените), медијастинален тумор, и направил придонеси за модерната неврофармакологија. Мајмонид пишувал за невропсихијатриските поретметувања и го објаснил беснилото и труењето од беладона(атропин, див тутун).Исто така во средна Европа, Весалиј (1514-1564) и Рене Декарт (1596-1650) направиле доста придонеси за науката за нервниот систем. Проучувањето на мозокот стана пософистицирано по откривањето на микроскопот и развивањето на постапката на боење на Камило Гољи за време на доцната 1890 каде што тој користел сол- сребрен хромат за да може да открие сложени структури на поединечни неврони. Неговата техника ја искористи Сантијаго Рамон и Кајал и водеше до формирањето на невронска доктрина, со хипотезата дека функционалната единка на мозокот е невронот. Гољи и Рамон и Кајал ја споделија Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1906г. за нивните обемни набљудувања, описи и категоризации на невроните во мозокот. Хипотезите за невронската доктрина беа поддржани со експерименти следени од пионерската работа на Галвани за раздразливоста на мускулите и невроните. Во доцниот 19 ти век Дубојс –Рејмонд, Мулер и фон Хелмхолтц покажале дека невроните се раздразливи и дека нивната активност предвидливо влијае на електричната фаза на соседниот неврон.
Ред 22:
На когнитивно ниво, когнитивната наука за нервниот систем ги објаснува прашањата како со нервните кола се продуцираат психолошкките/ когнитивните функции. Појавувањето од нови ефикасни мерни техники како што се нервните слики (ФМРИ, ПЕТ, СПЕЦТ), електрофизиологија и анализа на човечката генетика измешана со експериментални техники од когнитивната психологија им овозможува на невронаучниците и психолозите да одговараат на апстрактни прашања како што се: како човечката способност за спознавање и емоција се отсликуваат во посебни нервни кола.
Науката за нервниот систем е исто така поврзана со социјалната наука и науката за однесување (психобиологија) и развива интердисциплинарни полиња како што се: невроекономија, социјална наука за нервниот систем, теоријата за одлуки кои што се однесуваат на сложените прашања на интеракцијата на мозокот со околината што го опкружува.
 
 
== Науката за нервниот систем и медицината ==