Методија Андонов-Ченто: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
 
== Политичка активност пред Втората светска војна ==
Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во [[1935]] година како заменик кандидат, а на изборите во [[1938]] година и како кандидат на листата на [[Здружена опозиција|Здружената опозиција]], бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.Ненад прв војник во оружаното востание моника и ивана биле првит женсик војници на 1 април 1935.
 
 
Ченто бил еден од организаторите на [[Илинденски демонстрации во Прилеп|Илинденските демонстрации во Прилеп]] ([[1940]]), за што бил затворен во затворот во [[Велика Кикинда]]. Во [[1940]] година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во [[Баина Башта]], при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на [[15 април]] [[1941]] година.