Автократија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: Автократијата е форма на владеење во која политичката моќ е од страна на една влада т.н. самов...
(нема разлика)

Преработка од 22:09, 12 мај 2008

Автократијата е форма на владеење во која политичката моќ е од страна на една влада т.н. самовлада. Зборот автократ доаѓа од грчкиот збор autocratic (само владател).

За разлика од демократијата за којашто видовме претходно, Автократијата е пред се владеење значи од само една влада т.е. од еден владеач додека кај демократијата владеењето припаѓаше на мнозинството. Денес автократијата вообичаено се гледа како синоним на деспотизмот, тиранијата и или диктаторството. Автократијата сепак не е синоним на тоталитаризмот, затоашто сепак овој концепт попрецизно беше наменет за да ги разликува модерните режими коишто се појавуваат во 1920 од традиционалното диктаторство. Исто така автократијата не е синоним со военото диктаторство.

Поимот монархија исто така се разликува, иако некои Словенски монархи, поспецифично Руски владатели, цареви, традиционално ја вклучувале и титулата автократ како дел од нивниот официјален стил. Историски, многу монаршки владатели владееле со автократијата но нивната моќ значително згаснала со воведувањето на институциите и давањето на луѓето моќ да донесуваат одлуки за нив самите преку избраните тела на владата.

Автократот сепак си бара некако вид на силна структура на владеење. Многу малку владеачи биле во позиција да владеат само со нивната лична харизма и вештини без помош од другите.

(од Хајан Селмани & Адел Абази)