Историја на Босна и Херцеговина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
 
На 13 февруари Отоманската империја и Австро-Унгарија сепак склучуиле договор, што го потврдил приемот на Босна и Херцеговина кон двојната монархија. Во замена Австро-Унгарија ги повлекла своите војници од Новопазарскиот санџак и платила на отоманската влада 2,5 милиони фунти. Под притисок на Австро-Унгарија и нејзиниот сојузник Германија, на 9 март 1909 година Русија била принудена да ја признае анексијата. Под закана да ја води сама војната, Србија исто така ја признала анексијата неколку дена подоцна.
 
Во февруари 1910 година австроунгарските власти дале ограничена самоуправа на Босна и Херцеговина. Бил воведен устав со кое се формирал парламент, но не била обезбедена автономија на двете области. Со уставот и со делумното решавање на ова прашање во 1911 година австро-унгарската влада заработила поддржувачи како меѓу хрватската и меѓу српската и муслиманската заедница. Радикалните приврзаници на единство со Србија, сепак одговорила на анексијата на Босна и Херцеговина основајќи ја револуционерната организација "[[Млада Босна]]". Од 1910 година натаму таа извршила редица напади врз високи претставници на австро-унгарската власт. Кај еден од нив во јуни 1914 година во Сараево бил убиен австро-унгарскиот престолонаследник [[Франц Фердинанд]]. Ова станало повод за избувнувањето на [[Првата светска војна]].
 
== Кралство Југославија (1918–1941) ==