Историја на Босна и Херцеговина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
Според Берлинскиот договор од [[1878]] година во Босна и Херцеговина бил воведен окупаторски режим на [[Австро-Унгарија]] под изговор да се воспостави мир и ред по немирите во двете области во 1875-1878 година. Османлискиот султан го задржил на хартија суверенитетот на земјата кое било потврдено со билатерална конвенција во април 1879 година. Уште кон крајот на истата година и во почетокот на [[1880]] година, сепак [[Австро-Унгарија]] ја вклучила Босна и Херцеговина во своите граници и во даночниот систем. Управувањето било ставено под директна контрола од Министерството за финансии во [[Виена]]. Во [[1881]] година била воведена воена служба за локалното население, што довело до вооружен востание во Херцеговина во почетокот на [[1882]] година.
 
[[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] довела до зајакнување на англиското влијание во [[Цариград]] за сметка на австриското. Ова довело до стравување во Виена дека дека босанското население ќе бара автономија. Поради овие причини императорот Франц Јосиф одлучил да ја озакони еднострано власта во Босна и Херцеговина. Тоа станало на 24 септември 1908 година.
 
Босна и Херцеговина била конзистентна со прогласувањето на независноста на Бугарија два дена порано (22 септември). Речиси во исто време парламентот на автономниот [[Крит]] го отфрлил декларативно суверенитетот на султанот и објавил пристапување кон грчката држава. Овие нарушувања на Берлинскиот договор предизвикале дипломатска криза меѓу двата европски сојузи - Централните сили и Антантата. Српскиот министер за надворешни работи Милован Миловановиќ протестирал против активностите на Австро-Унгарија и побарал враќање на статус кво од пред анексијата или територијален надоместок во случај анексијата биде признаена. Како одговор Австро-Унгарија започнала да се подготвува за војна. Русија застанала на страната на Србија и за возврат барала ревизија на Берлинскиот договор, што ќе овозможи слободно преминување на нејзини воени бродови преку Босфорот и Дарданелите. Руските сојузници Франција и Велика Британија го отфрлиле ова барање.
 
На 13 февруари Отоманската империја и Австро-Унгарија сепак склучуиле договор, што го потврдил приемот на Босна и Херцеговина кон двојната монархија. Во замена Австро-Унгарија ги повлекла своите војници од Новопазарскиот санџак и платила на отоманската влада 2,5 милиони фунти. Под притисок на Австро-Унгарија и нејзиниот сојузник Германија, на 9 март 1909 година Русија била принудена да ја признае анексијата. Под закана да ја води сама војната, Србија исто така ја признала анексијата неколку дена подоцна.
 
== Кралство Југославија (1918–1941) ==