Медицинска нега: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Во средниот век се организираат установи-хосици за чување, лекување и негување на болните. Со негата се занимавале калуѓери и калуѓерки. Во овие болници владееле лоши хигиенски навики и примитивни методи на лекување. Болничките соби биле темни со мали прозорци, непроветрени и нечисти. Во една постела лежеле по неколку болни. Облеката им била валкана, а насекаде имало инсекти, стаорци, отпадоци и нечистотија. Раните се превивале со нестерилен материјал, постелнината не се менувал, храната била лоша, а болните јаделе без основен прибор. Сестрите – калуѓерки целосно им се посветувале на болните, а за работата не биле наградувани. Ваквата состојба владеела се до XIX век кога почнале реформите во организирањето на болниците, лекувањето и негувањето на болните. Агнеса де Гаспарин (Аgnesa De Gospri) прва се заложила сестрата да биде образована, платена и ослободена од религиските догми. Сестрите од Германија имале современи идеи во врска со негата на болните и тоа влијание го пренеле врз болничарките од Англија.
=== Првата медицинска сестра - Флоренс Најтингел ===
Флоренс Најтингел (Florance Nightingale), е првата медицинска сестра во светот, позната како „жената со светилката“ која ги поставила основите на сестринството и сестринскиот позив. Таа имала високи морални и човечки квалитети, големи организаторски способности и знаења. На 16 годишна возраст таа решава својот живот да му го подари на општевството, со цел да им помогне на болните. Таа е првата медицинска сестра и како таква успева да постави темел на модерната пракса на медицинските сестри. Со нејзината голема и беспрекорна грижа, нејзиното влијание што го стекна брз тогашние англиски болници, таа придонесува многу во инкуадрацијата на жени во медицинската професија. Во октомври 1854 година со уште 38 сестри заминува на Крим, за да се гриши за околу 1500 ранети и болни војници. На Крим брзо се соочува со ужасите на Кримската војна и состојбата на ранетите и болните. Веднаш воведува хигиенски мерки во болницата со генерално чистење, перење на облека и постелнина. Обезбедува бањање на болните, ја организира и подобрува исхраната и негата. Во исто време се грижи и за псисичката состојба на ранетите, наоѓа зборови за утеха, организира прием и испраќање на ранетите, па така почнуваат да ја викаат „жената со светилка“. Нејзините ангажирања во Кримската војна, биле проследени со низа непријатности, недоверба и сомнение , но таа успеала да истрае и да ги покаже своите квалитети и способности. Во 1855 и бил приреден пречек за враќањето во татковината, каде и било оддадено признание за самопрегорната работа. Во 1860 во Лондон се организира првото медицинско училиште од интернатски карактер, а работело во состав на болницата „ Свети Томас“. Флоренс Најтингел била првиот директор на училиштето.
 
=== Медицинската сестра во XX и XXI век во Светот и на Балканот ===
* Првите медицински училишта на Балканот