Медицинска нега: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
На балканот првото медицинско училиште било ораганизирано во Белград 1921 година во рамките на Црвениот крст. Ученичките на Флоренс Најтингел биле инструкторки во ова училиште. Во Загреб 1923 година било формирано училиште за сестри помошнички, а 1924 година во Љубљана се отворило училиште за заштитни сестри. Во Македонија првото медицинско училиште било организирано во Скопје 1923 година, но со организирана работа ова училиште започнало во 1947 година. Подоцна медицински училишта било формирани во Битола, Тетово и Штип. Денес сестринството и негата во Република Македонија го заземаат вистинското место во медицинската наука и здравствена служба. Негата на болните постојано се унапредува и осовремнеува следејќи ги научните и техничките достигнувања. Едукацијата на медицинските сестри е стручна и се темели врз најновите сознанија на научната медицина.
== Кодекс на етика на здравствените работници ==
* Здравствениот работник работните задацизадачи треба да ги извршува совесно, одговорно, темелно, ценејќи го здравјето и достоинството на секој човек.
* Во текот на работата здравствените работници треба да се застауваат за похумани односи помеѓу луѓето и напредок на човештвото за активно да учествуваат во здравственото воспитување и подигнување на здравствената свест и здравствената култура на населението,.
* При давање на здравствена заштита секој здравствен работник треба да има еднаков однос спрема сите болни без разлика на полот, националноста, вероисповедта, политичките верувања или личниот однос спрема болниот.
* Здравствениот работник е морално обврзан да дава итна помош без оглед на опасноста за својот живот и здравје.