Алкохолизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
=
 
== Физички ефекти на алкохолот ==
 
Етил алкохол, или етанол, е присутен во разни количини во пива и вина и во дестилирани пијалоци – виски, џин и рум. Кога една личност конзумира алкохол, стомакот и органите за варење бргу го апсорбираат. Од таму алкохолот патува преку крвта низ целото тело, вршејќи влијание скоро на секое ткиво. Поголеми дози на алкохол ги пореметуваат функциите на централниот нервен систем, вклучувајќи го мозокот. Колку е повисоко нивото на алкохол во крвта, толку е поголемо оштетувањето.
Како што крвта минува низ црниот дроб, ензимите го разложуваат алкохолот на безопасни продукти кои се елиминирани од организмот 6 до 8 часа подоцна. Но стапката со која алкохолот се акумулира во телото може да биде поголема со стапката со која организмот го елиминира, а со тоа се зголемува концентрацијата на алкохол во крвта. Како резултат, алкохолот останува во организмот, создавајќи ефекти на интоксикација неколку часа откако е проголтана последната голтка алкохол.
Мали количини на алкохол можат да ја ослободат напнатоста или измореноста, да го зголемат апетитот и да имаат аналгетски ефект кој ја отапува болката. Поголеми количини ги потиснуваат повисоките мисли, ја зголемуваат самодовербата и го намалуваат стравот, напнатоста и вината. Кога личноста ќе стане интоксицирана или пијана, болни или посрамотувачки ситуации стануваат помалку заканливи и со прогресијата на пиењето, говорот стаува гласен и неповрзан. Пореметеното расудување може да биде причина за нерационално однесување, а физичките рефлекси и мускулната координација стануваат забележително нарушени. Ако пиењето продолжува, следува целосна загуба на физичката контрола, завршувајќи со губење на свеста и можна смрт.
 
== Социјални ефекти на алкохолот ==