Алкохолизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 73 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q15326 (translate me)
Ред 56:
Во некои случаи, алкохолот доведува до делириум тременс (алкохолно лудило), кое предизикува збунетост, поспаност, депресија и страшни халуцинации. Во овој стадиум на делириум, кај рацете се појавува неконтролирано тресење, кое може да се прошири на главата и телото.
Жените кои пијат претерани количини на алкохол за време на бременоста, водат ризик за да родат дете со фетален алкохолен синдром (ФАС), што е водечка причина за дефекти при раѓањето, комбинација на физички и писихички дефекти, како што се ретардација, мала глава и слаба мускулатура. Некои бебиња изложени на алкохол за време на созревањето на фетусот развиваат фетален алкохолен ефект (ФАЕ), кој вклучува повеќе суптилни симптоми, вклучувајќи проблеми во однесувањето, проблеми со концентрацијата и фокусирањето или немоќноста да мислат апстрактно.
 
== Лекување ==
Најдобрите методи за лекување на алкохолизмот варираат, зависно од индивидуалните медицински и лични потреби. Некои тешки алкохоличари кои го препозанаваат нивниот проблем се лекуваат сами од себе. Некои алкохоличари бараат долгорочна индивидуална или групна терапија, која може да вклучи и хоспитализација. А сепак, некои воопшто не бараат третман. Овие луѓе на бараат третман како резултат на комбинацијата од фактори, вклучувајќи го игнорирањето на симптомите на болеста, социјалниот страв од фактот дека ќе биде етикетиран од заедницата како алкохоличар и неволјата да прифати доживотна апстиненција од алкохол како една од целите на лекувањето.
 
За некои алкохоличари, лекувањето почнува со детоксификација, која безбедно го ослободува пациентот од алкохолот во организмот, а во исто време ги лекува физичките компликации кои создаваат силни симптоми, како делириум тременс или алкохолно лудило. Детоксификацијата обично трае помалку од една недела, а за тоа време пациентите се сместени во специјална установа или посебен оддел од општата или психијатриската болница. Овие установи истотака нудат и продолжен третман за да се помогне на алкохоличарите во нивното закрепнување.
 
Повеќето програми за лекување ефективно помагаат зависниците да престанат да пијат за некој период, но тие се помалку успешни во превенцијата на повторно враќање на пиењето. Програмите за третман обично содржат дел кој се фокусира да им помогне на алкохоличарите да ја разберат ситуацијата, чуствата и личните интеракции кои го предизвикуваат повторното пиење. Овие програми ги учат луѓето како да се снајдат со овие фактори без повторно да се вратат на пиењето.
 
== Превенција од алкохолна зависност ==