Влекачи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 114 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q10811 (translate me)
Ред 20:
'''Влекачи''', '''влечуги''', '''рептили''' ([[Латински јазик|лат.]] ''Reptilia''), — група на [[‘Рбетници|‘рбетни]] [[животни]] во која спаѓаат [[Змија|змиите]], [[гуштер]]ите, [[Желка|желките]], [[крокодил]]ите, [[туатара]]та, како и бројни изумрени [[фосил]]ни видови. Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува [[херпетологија]].
 
пички - цицки кур јајца вагина
== Основни карактеристики ==
 
Мнозинството од влекачите се овипарни (младите се изведуваат од јајца), но многу змии и гуштери се вивипарни (раѓаат живи младенчиња). Постоечките влекачи се карактеризираат со развитокот на две [[ембрион]]ални мембрани: заштитен [[амнион]], или јајцева торбичка, и респираторен [[алантоис]], или васкуларна фетална мембрана. Амнионот, кој го имаат сите влекачи, [[птици]] и [[цицач]]и, оневозможува исушување на [[Јајце клетка|јајце клетката]], па така раните стадиуми од животниот циклус на животното не се зависни од вода. Кај повеќето змии и некои гуштери, функционален е само еден [[бел дроб]]; кај другите влекачи се развиени и двата бели дробови. Тораксот и абдоменот не се одделени со [[дијафрагма]], а [[дишење]]то се довршува со [[мускул]]ите на телесниот ѕид.
 
Бидејќи се ограничени со температурата на својата животна средина, рептилите [[Хибернација|хибернираат]] во региони каде зимата е студена, а некои видови [[Естивација|естивираат]], односно стануваат неактивни во исклучително топли и суви региони. Рептилите се познати како ладнокрвни животни, што не е сосема точно, бидејќи некои рептили кога се активни ги одржуваат своите тела на повисока температура отколку онаа кај повеќето цицачи. Важна разлика во температурната физиологија е таа што влекачите зависат од надворешните извори на топлина, додека птиците и цицачите користат внатрешна топлина. Влекачите ја регулираат својата телесна температура со искористување на различни извори на надворешна топлина, како што е директната сончева светлина, топли камења и дрва, како и загреаната [[почва]]. На ваков начин, одредени видови влекачи ја одржуваат константната внатрешна температура специфична за самиот вид. Често оваа температура е доста повисока од температурата на околниот [[воздух]]. Само кога животното е неактивно или спие, неговата телесна температура е приближно иста како таа на животната средина.
 
[[Скелет]]от на рептилите е речиси целосно окоскен (не‘рскавичен). Черепот е приврзан за [[‘Рбетен столб|‘рбетниот столб]] со единечен кондил, или [[зглоб]], исто како кај птиците. Ребрата на тораксот се прикрепени за [[Градна коска|градната коска]], а кога е присутен [[сакрум]] (коска на карлицата), сакралните ребра артикулираат со карличниот појас. Можат да бидат присутни два целосни пара на екстремитети или, пак, тие може да се редуцирани или да отсуствуваат, како што е кај змиите и некои гуштери. [[Кожа]]та е покриена со лушпи и коскени плочки кои може да се расположени под кожата.
 
[[Срце]]то на влекачите се состои од три комори, вклучувајќи и две [[Аурикула|аурикули]] и една [[вентрикула]]. Сепак, кај крокодилите, вентрикулата е речиси целосно одделена на две комори со септа (преграда). И двата ембрионални [[Аорта|аортни]] лаци (одредени артериски гранки најдени во ембрионите на ‘рбетниците) се задржале кај влекачите, во споредба со птиците и цицачите, кај кои се развива само еден. [[Крв]]та од [[Вена|вените]] се враќа во срцето од опашката и задните екстремитети, преку [[Бубрег|бубрезите]], од страна на бубрежен портален (венско-капиларен) систем; крвта од абдоменот се враќа од страна на портален систем кој минува низ [[Црн дроб|црниот дроб]]. [[Мочен меур|Мочниот меур]] е присутен само кај желките, тортоизите и гуштерите.
 
== Класификација ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Влекачи