Богдан Хмелницки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 34 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q203808 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
 
=== Подемот и падот на Козаците ===
1648 била година во која [[Украина]] доживеала големо сенародно востание, со напади врз големите земјопоседници и феудалци, католичкото свештенсто и еврејската заедница, сите по наредба на Хмељницки. По тие воени дејствија, тој успеал да воспостави организирана воена сила и нова државна администрација. Во септември истата година со успех ја завршил војната против ослабената [[Полско-литванска унија]]. Влијаел на изборот на [[Јан II Казимир]] за нов владетел на [[Полска]], претставувајќи го како водач кој се залага за мир со украинските народи. При крајот на годината, марширал на исток и триумфално влегол во [[Киев]], споредувајќи се себеси со [[Мојсеј]] кој дошол да го ослободи народот од полското ропство. Јавно ги искажал неговите намери автократски да владее со сите територии кои се протегале до [[ЛвовЛaвов]] на запад.
 
Поради откажување на вазалството од [[Полско-литванска унија]], била отпочната војна со нив, која кулминирала со [[битката кај Зборов]] (1649). По одбивањето од страна на Османлиите, единствените сојузници на Хмељницки останале Татарите. Ја загубил оваа битка, по што бил потпишан мировен договор со победикот [[Јан II Казимир]], кој поставил доста неповолни услови за Козаците. Во јуни 1651 год. следела [[битката кај Берестечко]], во која Хмељницки одново бил поразен, но нему потешко му паднало предавството на кримските [[Татари]]. Почнал да ги зајакнува дипломатските односи со [[Османлиската империја]], испраќајќи амбасада во [[Цариград]]. Се потрудил и да обезбеди поддршка од [[Руското царство]], кое во тоа време бележело голем подем.