Македонско прашање: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Одбиена последната промена во текстот (од Jingiby) и вратена ревизијата 2942838 на Addbot
Ред 10:
 
== Бугарска гледна точка ==
[[Бугари]]те својата теза ја базираат на ''историски факти'', a не врз постојната реалност. Со тоа се прави обид на да се одржи тензија за идни можни конфликти во регионот. {{факт}} Со слични ''историски факти'' се користат и српските националисти при докажувањата дека [[Хрвати]]те и [[Бошњаци]]те се [[Срби]]. <ref>http://www.youtube.com/watch?v=FTKzZOgeEpI&feature=related Воислав Шешељ пред Хашкиот трибунал ги изнесува ставовите за непостоење на Хрватите и Бошњаците како народ</ref> <ref>http://www.youtube.com/watch?v=qZHKvAJNZqg&feature=related Воислав Шешељ јавно ги изнесува своите ставови на почетокот на деведесетите</ref>
За време на Османлиското владеење на Балканот етноними ретко се користеле. Населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Како резултат, народите почнале постепено да ja губат нивната етничка припадност. [[Рум милет]]от бил верската заедница на православните христијани. Сепак под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.<ref>[http://www.bsa.ac.uk/doc_store/IT/IT2012_49.pdf Balkan cultural commonality and ethnic diversity. Raymond Detrez (Ghent University, Belgium).]</ref> Тоа се гледа и од султански ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во Балканските земји на империјата и тоа се: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Срф), Власите (Ефлјак) и не на последно место Бугарите (Булгар).<ref>[http://books.google.bg/books?id=hnzDyhp70HUC&pg=PA23&lpg=PA23&dq=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0+%D1%81%D0%B0+%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%80%D1%83%D0%BC),+%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82),+%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84),++%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&source=bl&ots=Z3zyVPegRQ&sig=bBSXbBQPRK93bixBgZmzK50cKoY&hl=bg&sa=X&ei=6f4LUeTpJY35sgbW-IDgCw&ved=0CEcQ6AEwBA#v=onepage&q=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%20%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%80%D1%83%D0%BC)%2C%20%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82)%2C%20%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84)%2C%20%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&f=false История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)]</ref> Сепак, тогаш обичните луѓе гледале на себе си повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родното им населба.
 
Покрај крутиот бугарски став и инсистирање на сопствената вистина за непостоење на [[Македонци]]те, во [[Бугарија]] сѐ уште никој нема храброст да регистрира партија на Македонците - водени според бугарскиот став за „непостоечка нација“'.{{факт}}. Во тврдењето дека македонците се Бугари, [[Бугарија]] заборави да побара политички права за таканаречените егесјки бугари во Република [[Грција]]{{факт}}.
Сепак, во почетокот на [[19 век]] со продорот на западните идеи за нацијата во османлиското општество, постепено започнала да се менува содржината на милет системот. Цариградската Патријашија, која дотогаш била обединувачката институција на православниот милет, започнала да се трансформира во политичка институција и да се идентификува со грчкиот народ, преземајќи ја улогата на грчка национална црква. Тоа ги поттикнало и другите народи на Балканот што му припаѓале на Рум милетот да започнат борба за национално осамостојување. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така бил признаен посебен Булгар милет или бугарски народ. Како дел од Булгар милетот, во минатото голем дел од Макeдонците биле именувани и сами се именували како Бугари. Така например процесот на организирање на гласање за припојување кон Егзархиjата во македонските епархии во Охрид и Битола во 1874 завршил со резултат повеќе од две третини за Егзархиjата. Со Санстефански мировен договор од 1878 година требало да се воспостави Бугарска автономна област во рамките на Отоманското Царство која ја опфаќала речиси цела Македонија. Големите сили не биле задоволни со таа Голема Бугарија и ова незадоволство довело до одржување на Берлинскиот конгрес и споставило конец на овие идеи. Истовремено во сите поголеми градови на териториите под јурисдикција на Бугарската Егзархиja биле отворени прогимназии, а исто така и многу основни училишта. Општо во 1882-1883 во Македонија и Одринско постоеле 237 бугарски егзархиски училишта, во 1899-1900 тие веќе биле 942, а во 1912 година броjот им се зголемил на 1,373 училишта.
 
Според еден од основачите на ВМОРО - Христо Татарчев, идејата за слободата на Македонија се појавила кај ''македонско-бугарскиот народ'' по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и волјата како народносно самосознание и историска реалност и таа негова фантазија најпосле се обејективизирала во почетокот на 1893 год. во форма на конспиративна организација - ВМОРО. Дури Македонскиот историчар Крсте Битовски смета дека не постоjaт дилеми како се викала ревoлуционерната организација во Македониjа при нејзиното формирање во 1894 година и дали познатиот недатиран Устав кој Организацијата кој ја нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв. Бугарската наука смета и дека Илинденско востание од 1903 година било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Пред самиот почеток на Балканските војни во 1912 година сите чети и одреди на ВМОРО, формациски биле вклучени во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските одреди и чети станале дел од Бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура. Во време на Првата светска војна, ВМОРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале 11 македонска дивизија во рамките на бугарската војска. По првата светска војна во програмската определба на новата ВМРО појмот автономна постепено бил заменет со поимот независна Македонија, во која ке живеат Бугари.
 
Самиот процес на одделување на македонските Словени бил делумно резултат на асимилаторската политика на Кралство Југославија и Кралство Грција спроведена меѓу двете светски војни. Локалните бугарски цркви и училишта биле затворени или претворени во српски или грчки, а свештениците и учителите биле малтретирани и протерани во Бугарија. Подоцна дел од младата лева интелигенција, ja отфрлил новата српска и грчка врска, но и бугарските корени на своите родители. Така во 1934 година по неjзна иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање. Со неа за прв пат во историјата било признаено постоењето на посебен македонски народ и македонски јазик. Сепак, населението во Македониjа ja прифатило Бугарската воjска во 1941 година како ослободителка од српскиот и грчки гнет. Меѓутоа, поради лошо организираната администрација и фактот дека Германија ке ја изгуби војната, Бугарија ја изгубила својата популарност. Така, за време на бугарската власт во Македонија (1941 - 1944), комунистичкиот отпор, особено од 1943 година бил се поактивен и се борел за самостојна македонска држава и создаване на посебна нација. На овој пат, претежно по креирањето на Jугословенската федерална Народна Република Македонија по Втората светска војна, со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација.
 
== Српска гледна точка ==