Димо Тодоровски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
 
== Биографија ==
Димо Тодоровски роден е на 12 ноември 1910 година во [[Солун]], од мајка Ленка Перева и татко Ристо Тодоровски. Две години по неговото раѓање, неговото семејство се вратило во родниот град [[Прилеп]]. Во 1917 година татко му починал, а Димо од 1920 до 1929 година престојувал во Домот за воени сирачиња во [[Битола]]. Без доволно финансиски средства, од 1929 до 1935 година студирал во [[Белград]], каде ја завршил Уметничката школа со академски курс на скулпторскиот отсек во класата на П. Палавичини. По враќањето во Македонија, учествувал во формирањето на Уметничката школа во Скопје (каде бил и професор до пензионирањето), но и во формирањето на Уметничката галерија во 1949 година. Бил и дописен член на [[МАНУ]], а впечатливиот авторски пат, исполнет со богато и значајно творештво, го завршил во [[Скопје]], во 1983 година. И денеска во населбата [[Трнодол]] каде живееше, стои неговата празна куќа со ателјето, за која тој оставил аманет да биде претворена во спомен дом.
 
Димо Тодоровски, освен дела со теми од [[НОБ]] и социјални теми, изработувал и портрети, меѓу другите и на неговите пријатели [[Никола Мартиноски]], [[Лазар Личеноски]], на [[Ана Липша Тофовиќ]]. Познат е како автор, кој бил целосно предаден на скулптурата[[скулптура]]та, на вајарството[[вајарство]]то, иако во текот на животот се соочувал со многу финансиски проблеми. Неговиот постар брат Панче Тодоровски го охрабрувал да студира, а поради немање пари за време на студирањето работел и како фирмописец, во Нишкиот театар и како сценограф. Како студент учествувал и на конкурси и добивал и откупни награди, но за жал, многу од скулптурите од пред [[Втората светска војна]] му биле уништени. „Во принцип тој бил човек со големо срце, не бил материјалист, не знаел да даде цена за своите дела. Му било важно делото да му биде убаво, да ги исполни неговите критериуми“
 
[[Податотека:Oro_statua.JPG|мини|лево|220п|Статуата „Оро“ на прилепскиот плоштад. Дело од 1972 година ]]