Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Reverted 1 edit by 77.28.227.106 (talk). (TW)
Ред 1:
'''„Илијада“''' (ст.грч. Ἰλιάς) е [[епопеја]] која се смета дека ја напишал [[Хомер]]. Тематски е поврзана со времето кога Грците ја започнале [[колонизација]]та на островите во [[Егејско Море]] и на [[Мала Азија]]. Оваа колонизација била предизвикана од зголемувањето на населението на [[Балканскиот Полуостров]], кое почнало да бара земји за населување и да ги напаѓа и ограбува соседите. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на [[Тројанската војна]], што се случила во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. Според митот за Tројанската војна, [[Парис]], синот на [[троја]]нскиот цар [[Пријам]], ја грабнал [[Eлена]], жената на [[спарта]]нскиот цар [[Mенелај]], и ја однел во родниот град Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделните полиси на чело со [[Агамемнон]], царот на Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на грчката (ахајската) војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува во „''Илијада''” се случиле во последната, десетта година од војната, односно се опева само 51 ден.<ref>Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, Скопје, 2006 г., стр. 214</ref> Илијада се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија датира од околу осмиот век п.н.е.<ref>Vidal-Naquet, Pierre. ''Le monde d’Homère'' (The World of Homer), Perrin (2000), p. 19</ref>
 
== Кратка содржина ==Selda shanel
[[Податотека:Beginning Iliad.svg|thumb|right|220px|Првите стихови од ''Илијада'']]
Во десетата година на [[Тројанската војна]] избувнала караница меѓу [[Ахил]] и [[Агамемнон]], кога аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот [[Теба]] од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот [[Аполон]] налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви [[Аполон]], Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против [[Троја]]нците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата [[Тетида]] да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила [[Зевс]] да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада