Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

с
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 96 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q8680 (translate me))
с
 
За време на 19-тиот век, Британија и [[Русија]] се натпреварувале за богатството кое го оставиле Османлиската, Персиската и Империјата Оинг кои веќе биле пред својот крај. Ривалствотот во Евроазија станало познато под името Големата игра. Поразите кои Русија им ги нанела на Персија и Турција, во Руско- Персиската војна ( 1826-1828 година) и во Руско-Турската војна ( 1818-1829 година), ги покажале руските амбиции и споособности и предизвикале страв кај Британија дека Русија може да направи инвазија врз Индија. Во 1839 година Британија се обидела да го спречи тоа преку обидот да изврши инвазија на Авганистан, но првата Англо-Авганистанска војна имала катастрофални последици за Британија.
Кога Русија извршила инвазија врз турскиот дел од Балканот, во 1853 година, стравот од руско влијание во Средоземјето ги натерал Франција и Британија да извршат инвазија на Кримскиот полуостров со цел да ги уништат руските поморски капацитети. Победата во Кримската војна ( 1854 – 1856 година), во која што се користеле нови технологии на модерното војување и која што била едниствена глобална војна која се водела помеѓу Британија и друга империја за време на Пакс Британика ( британски мир), била катастрофален пораз за Русија. Ситуацијата во Централна Азија не се решила уште две децении, кога Британија го припоила Балучистан[[Белуџистан]] во 1876 година како и [[Киргистан]], [[Казахстан]] и [[Туркменистан]]. Некое време се чинело дека уште една војна е незибежна, но двете земји во 1878 година се согласиле на спогодба во врска со нивните сфери на влијание во регионот, а во 1907година во врска со другите важни работи, со потпишувањето на Англиско- Руската Антанта. Уништувањето на руската морнарица во битката кај пристаништето Артур за време на Руско- јапонската војна (1904-1905 година) исто така ја намалила моќта на Русија и таа веќе не претставувала толкава закана за Британија.
 
==Од 'Ртот до Каиро==