Достоинство (политичка партија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Mace04 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
}}
 
'''Достоинство''' е македонска политичка партија основана на 20 март 2011 година со седиште во [[Скопје]]. Прв нејзин претсетедал е [[Стојанче Ангелов]]. <ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135748|title=Достоинство“ станува политичка партија|date=20 март 2011|publisher=[[А1 телевизија]]|language=македонски|accessdate=20 март 2011}}</ref>За
ДОСТОИНСТВО - Политичка партија
Мисија
ДОСТОИНСТВО е партија на Македонскиот народ и за Македонскиот народ на која главна цел е да го врати изгубеното достоинство на секој Македонски граѓанин.
Опис
ДОСТОИНСТВО е партија на Македонскиот народ и за Македонскиот народ на која главна цел е да го врати изгубеното достоинство на секој Македонски граѓанин.
 
Досега и служевме на татковината за да ја браниме од агресори а од сега ќе му служиме на нашиот народ да му помогнеме да ги исполниме нивните барања и да ги реализираме стремежите и идеите за посветла иднина. За таа цел се ангажирани пред се чесни луѓе, луѓе од доверба и луѓе експерти во својата област.
 
ДОСТОИНСТВО во областа на економијата ќе се залага за подигнување на економскиот раст и развој, намалување на невработеноста со отворање на нови работни места и вработување пред се на соодветен стручен кадар .
Меѓу првите приоритети на ДОСТОИНСТВО е вложување во технолошкиот развој и иновативноста кај младите. ДОСТОИНСТВО ќе отвори посебен фонд за стипендирање на млади научници кои преку стипендиите ќе имаат можност да ги развиваат своите иновации.
 
Нашата цел е и влез на нови странски инвестиции кои би допринеле за подобар економски раст и развој на Република Македонија.
 
Ставот на ДОСТОИНСТВО во областа на здравството е зголемување и правилна прераспределба на здравствениот буџет со што граѓаните би добиле квалитетна и навремена здравствена заштита.
Една од целите на партијата е да се донесат и спроведат реформи во образованието кои би резултирале со квалитетен и стручен кадар.
 
ДОСТОИНСТВО се стреми да го задржи ваквиот млад стручен кадар и истиот да работи и придонесува за сеопшт развој на Р.Македонија.
 
ДОСТОИНСТВО во својата стратегија ќе го започне проектот ПРОФЕСИЈА: ЗЕМЈОДЕЛЕЦ преку конкретни мерки за финансиска помош и обука на земјоделците со посебен акцент на младите земјоделци. Земјоделството е најважниот столб на Македонската економија и токму затоа приоритет ќе биде униформирање на квалитетот и обезбедување на сигурен пласман на земјоделското производство.
 
Нам ни е потребно да ги сочуваме природните богатства кои ги имаме во изобилство, да го развиеме туризмот во истите и да се подобри целосната инфраструктура на државата.
 
ДОСТОИНСТВО се залага за еднаквост на граѓаните, мултиетничко општество, реформи во судството, спроведување на правда, искоренување на криминалот и корупцијата и конечно справување со сиромаштијата и невработеноста. Не ги забораваме и пензионерите како важен дел од нашето општество за реален пораст на зслужените пензии. Државната администрација преку обуки за доусовршување на своите знаења ќе придонесат за подобра и поефикасна услуга на граѓаните.
 
Квалитетен пристап на разговорите околу решавање на проблемот кој нашиот јужен сосед го има со уставното име на Република Македонија без притоа да се вклучува националниот идентитет, а со тоа и реален пристап за отпочнување на преговори за влез – членство во ЕУ и НАТО.
 
Ќе се залагаме за јакнење на демократијата, секој граѓанин да може да воспостави директна релација и контакт со власта како би учествувал и заедно би придонеле да создадеме едно независно, некорумпирано и демократско општество, јавноста да учествува во креирање на политиката за доброто на граѓаните на Р.Македонија.
 
Македонија има потреба од нова политика и нови идеи за излез од црно-белиот свет! ДОСТОИНСТВО е подготвено да се справи со сите предизвици кои стојат на патот кон успехот на Македонија! ДОСТОИНСТВО се докажа како штитеник на суверенитетот на Република Македонија. Да изградиме подостоинствен живот за сите! За достоинствена иднина! <ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135748|title=Достоинство“ станува политичка партија|date=20 март 2011|publisher=[[А1 телевизија]]|language=македонски|accessdate=20 март 2011}}</ref>
 
На [[Македонски парламентарни избори, 2011|Парламентарните избори на 5 јуни 2011]] година партијата добила вкупно 8846 гласови.