Универзитет „Гоце Делчев“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 77:
 
Покрај [[ректор|ректорот]], како раководен орган, Универзитетот има и тројца проректори <ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/zaugd/prorektori Официјална веб-страница на Универзитет „Гоце Делчев“ - „Проректори“]</ref>:
* проректор за настава - [[Емилија Јаневиќ – Ивановска|проф. д-р Емилија Јаневиќ – Ивановска]];
* проректор за наука - [[Блажо Боев|проф. д-р Блажо Боев]];
* проректор за финансиски инвестиции и развој - [[Кирил Барбареев|доц. д-р Кирил Барбареев]].
 
Вкупниот број на вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во [[Штип]] изнесува 438.
 
==Симболи<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/zaugd/simboli Официјална веб-страница на Универзитетот „Гоце Делчев“ - „Симболи“]</ref>==
Ред 131:
'''Начинот за упис''' на идните студенти на факултетите е преку полагање на екстерни и интерни испити во рамките на државната матура. За реализација на конкурсот за запишување во прв циклус на студии на Универзитетот се формираат конкурсни комисии за секоја единица. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија. На студентските програми на Универзитетот не можат да бидат запишани кандидати кои имаат помалку од 40 поени, добиени по сите основи.
 
'''Странските државјани''' се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот. При пријавувањето кандидатите поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, како и нострифицирани свидетелства за сите класови, заверен превод на изводот од матичната книга на родените, потврда за знаење на македонскиот јазик (издадена од комисија на [[Универзитет | Универзитетот]]) и уверение за здравствена состојба. Кандидатите наведуваат дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. На странските државјани кои се пријавуваат на факултетот за музичка уметност им се врши проверка на знаењата и умеењата. Универзитетот „Гоце Делчев” во [[Штип]] организира курс за изучување на македонскиот јазик.Школарината за странските студенти за учебната 2012/2013 година изнесува 300 евра за еден семестар на сите единици, освен на Факултетот за медицински науки, каде за еден семестар изнесува 500 евра, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка. Во оваа категорија влегуваат и кандидатите странски државјани чии родители или пак тие работат во дипломатските претставништва во [[Република Македонија]]<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/inter-students Официјална веб-страница на Универзитет „Гоце Делчев“ - „Интернационални студенти“]</ref>.
 
'''Софтверско решение''' кое придонесува за модерен начин на студирање е '''''електронскиот индекс''''' на Универзитетот. Преку електронскиот индекс се овозможува комплетно електронско студирање, вклучувајќи електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, електронска огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставничкиот и соработничкиот кадар, електронско учење, како и многу други активности.