Разлика помеѓу преработките на „Референдум во Македонија (1991)“

с
нема опис на уредувањето
с (r2.7.2+) (Робот: Додава hr:Referendum o neovisnosti Makedonije)
с
 
Со цел мирно решавање на кризата, на [[27 август]] [[Европска Унија|Европската Заедница]] донесе [[Декларација за Југославија|Декларацијата за Југославија]]. Беа потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на набљудувачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.
 
[[Податотека:Плакат за независност 1991.jpg|left|thumb|250px|Плакат за референдумот]]
 
Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ [[Стипе Месиќ]], од име на Сојузниот извршен совет [[Анте Марковиќ]], како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша [[Ханс Ван ден Брук]], претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломатијата на [[Холандија]], која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот [[суверенитет]], негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.
 
== Референдумски резултати ==
[[Податотека:ПлакатResults заof независностthe Macedonian independence referendum, 1991.jpg|leftмини|thumbлево|250px300п|ПлакатРезултати заод референдумот]]
 
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот '''позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани''' односно '''95,0926%''' (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).<ref>[http://www.sec.mk/arhiva/1990_Referendum/Izvestaj_za_sproveden_referendum_1990.pdf Републичка изборна комисија „Извештај за спроведувањето и резултатот од претходното изјаснување на граѓаните на Република Македонија на референдумот одржан на 8 септември 1991 година“, 2 стр.]</ref>
 
Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.