Мозок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 89.205.74.46) и вратена ревизијата 2866569 на MerlIwBot
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Черепниот мозок''' претставува виш [[нервен центар]] и е дел од [[ЦНС|централниот нервен систем]]. Кај [[’Рбетници|’рбетници]]те е сместен во [[череп]]от. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници - [[птици]]те и [[цицач]]ите. [[Нервно ткиво|Нервното ткиво]] кај черепниот мозок е претставено со два вида: [[сива маса]] (од [[невроцит]]и и [[дендрит]]и) и [[бела маса]] (од [[аксон]]и), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со [[мозочна кора]] и [[субкортикални јадра]]. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа ''преден (голем) мозок'', ''меѓумозок'', ''среден мозок'', ''заден (мал) мозок'' и ''продолжен мозок''.
 
== Преден (голем) мозок == ве лаааажат
 
''Предниот (големиот) мозок'' е оној дел од черепниот мозок којшто најмногу [[Еволуција|еволуирал]] прогресивно. Кај [[Водоземци|водоземните ’рбетници]] тој е мал и има проста градба, а кај сувоземните, особено кај цицачите (вклучувајќи го и [[човек]]от), тој ги надминува останатите делови од черепниот мозок и голем дел од нив ги препокрива. Во него се сместени првата и втората [[Мозочни комори|мозочна комора]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мозок