Црква „Св. Спас“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава es:Iglesia de la Ascensión de Jesús
Ред 48:
Во годините кога тајфата на [[Петре Гарката]] го изработила иконостасот, таа ги изработила владичкиот престол, проповедницата, проскиниторот - постолјето за целивање на икони и двата аналоја - певниците. И на иконостасот и на погоре споменатите предмети главно владее барокниот стил. Но низ него помалку или повеќе се преплетуваат и други стилови. Со старите дрворезбарски творби на средновековната уметност, со позајмување на мотиви од [[Готика|готиката]] и [[Ренесанса|ренесансната]] уметност, а потоа со натуралистички мотиви, композиции од [[рококо]] стилот и со мноштво мотиви од источната, [[Исламска уметност во Македонија|Исламска уметност]].
 
Така со спојувањето и преплетувањето на разните стилови, Мијаците создале единствен стил кој во првите години на својот развиток достигнал врв во копаничарската уметност. Иако релативно скромен по димензии, иконостасот импресионира со мајсторството на изведбата, со високиот уметнички квалитет и богатство на содржината, нешто што го става во редот на врвните достигнувања на копаничарската уметност.
 
Овде се шират и неколку пропаганди како: Ромска, Протестанска и Римокатоличка.
 
== Поврзано ==