Црква „Св. Богородица“ - Тетово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
 
==Поправки==
[[Податотека:Sv. Bogorodica vo Tetovo 010.JPG|мини|лево|Внатрешноста на црквата]]
 
Иконите на иконостасот се изработени од зографот Тале. Сите икони добро се сочувани и претставуваат вредно дело. При оваа црква се извршени низа градежни работи во периодот од [[1971]] година, до денес и тоа: изграден е нов базен со фонтана поплочена со мермер, подарок од Мишко Васовски од [[Детроит]]; поплочен е дворот од влезната врата до црквата, како и папертата на истата; изградена е нова камбанарија од армирана бетонска конструкција; кубињата на црквата се опшиени со бакарен лим; изградба на два санитарни јазли во парохиската куќа која е изгрдаена во 1926 година од Михаило Ановски; поправени се потпорните ѕидови од оградата на црквата; поставена е нова железна ограда; извршено е бетонирање на олтарскиот простор и поставување на паркет во самата црква; поправени се седиштата во црквата; направен е нов гроб Христов од дрво со изработка на резба; поставен е нов крст на кубето; внатре се изработени нови фрески, од страна на академскиот сликар [[Никола Цонев]] од [[Скопје]].
Црквата „Света Богородица" претставува значаен објект во градот Тетово и редовно се посетува од жителите на овој град. Оваа посета е голема на Богородичните празници, а посебно на „Успение на Пресвета Богородица" и на Источен петок „[[Балаклија]]" што се празнува во Светлата седмица по [[Велигден]].
 
==Археолошки локалитет==