Богдан Хмелницки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
[[Податотека:Alex K Chmelnitskyi.svg|thumb|left|157px|Грбот на Хмељницки како полскиот шљахтич.]]
=== Почетните воени успеси ===
Хмељницки бил роден во православно украинско семејство, кое спаѓало во редот на помалите благородници. Како војник учествувал во битката кај Цецора (1620), каде што бил заробен и испратен на робија во [[Цариград]]. Таму останал две години, по што се вратил во родниот крај. Себеси се декларирал како [[Козаци|Козак]], а бил водач на крвавите протести на [[Козаци]]те од 1637 и 1638 год. насочени против рускатаполската власт.
 
Бил член на козачката делегација која преговарала со полскиот крал [[Владислав IV]], на средбата одржана во [[Варшава]], 1646 год. Таму било договорено Хмељницки со повеќе козачки чети да ги помага Полјаците во нивните битки против [[Отоманската империја]]. Но наредната 1647 год. кралот [[Владислав IV]] го прекршил договорот, напаѓајќи ги воените единици на Хмељницки. Притоа, Богдан бил земен како воен затвореник, но успеал да избега и да ги подготви Козаците за битка против довчерашните сојузници. Во фебруари 1648 год. се прогласил за [[хетман]], и со поддршка од [[Кримскиот канат]] ги поразил полските армии испратени против него. Таа битка се одиграла во мај 1648, а тој месец починал и полскиот монарх, по што настапила криза во [[Полско-литванската унија]].