Петар Илич Чајковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава min:Pyotr Ilyich Tchaikovsky
Ред 11:
По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил втор син на инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата втора сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант. Иако музичкото насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4 години добил часови по [[клавир]]. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички клавир што неговиот татко го донел од [[Санкт Петербург]]. Почнал да свири на него, а семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата учителка. Неговите родители планирале за својот син кариера во владината служба, па Чајковски посетувал правно училиште во [[Санкт Петербург]] од [[1850]] до 1859 година. По завршувањето работел во Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај пијанистот Рудолф Кундингер, кој емигрирал во [[Русија]].
Потоа студирал на петроградскиот Конзерваториум. Во [[1862]] година Чајковски влегол во новоотворениот конзерваториум на [[Антон Рубинштајн]] во [[Санкт Петербург]], а некој месец подоцна се префрлил на конзерваторииумот во [[Москва]] и се преселил кај братот на Антон Рубинштајн, Николај. Предавал [[хармонија]] и пишувал музички критики. Материјалната независност и престојот во странство му ги овозможила неговата меценатка Надежда фон Мек, а нивното допишување било важен извор на податоци за творечката работа и естетските погледи на Чајковски. Настапувал и како диригент на сопствените дела низ целото Руско царство, потоа низ [[Европа]] и [[САД]].
 
== Кариера ==