Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава jv:Vlad Ţepeş
Ред 139:
== Легендата за вампирот ==
 
НајверојатноНајверојатноsi Брам СтокерsewnijeСтокер го нашол името за неговиот вампир од книгата на Вилијам Вилкинсон, An Account of the Principalities of Wallachia and Moldavia: with various Political Observations Relating to Them. Познато е дека Стокер правел белешки за оваа книга. Се вели и дека името на Влад можебу му било спомнато на Стокер од неговиот пријател, унгарскиот професор Армин Вамбери од Будимпешта. Без разлика како името дошло до Стокер, суровата историја на Влад како и да е би стигнала до него за неговите намери. Сепак, скорешните истражувања предлагаат дека Стокер всушност знаел многу малку за Принцот од Валахија.
Легендата за вампирот била и се уште е длабоко вкоренета во тој регион. Постоеле вампирски суштества во различни во разни приказни низ светот. Вампирот всушност главно потекнува од јужнословенскиот фолклор - иако најблискиот еквивалент во романскиот фолклор е поврзан со strigoi. Вистинската епидемија на вампиризмот ја опфатила источна Европа на почетокот од 17тиот век и продолжила и во 18тиот. Бројот на пријавените случаи драматично рипнал во Унгарија и на Балканот. Од Балканот „чумата“ се проширила западно кон Германија, Италија, Франција, Англија и Шпанија. Патниците што се враќале од Балканот носеле со себе приказни за живи мртовци, потпалувајќи го интересот за вампирите што останал до ден денес. Филозофите од Западот почнале да го студираат фенименот. Токму во тој период Лудовико Фатинели ја напишал познатата расправа за вампиризмот во Унгарија. Исто така, токму во овој период авторите и драматурзите први почнале да ја истражуваат легендата за вампирите. Новелата на Стокер била само кулминацијата од долгите серии на пишани дела инспирирани од кажувањата на Балканот и во Унгарија.
Со оглед на историјата на легендата во Европа, можеби е природно што Стокер го сместил неговиот голем вампир во срцето на регионот што ја родил приказната. Чим Стокер ја одредил локацијата, Влад Дракула се издвоил како еден од најозлогласените владетели во одбраниот регион. Тој бил доволно непознат за малкумина да му го препознаат името, а и тие што би го препознале го знаеле за неговите брутални дела; Дракула бил природниот кандидат за вампиризам.