Георги Поп Христов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Георги Поп Христов''' е роден во 1876 година во с.Крстоaр, Битолско. Образованието го завршил во ...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Георги Поп Христов''' е роден во 1876 година во с.Крстоaр, Битолско. Образованието го завршил во с.[[Буф]] на грчки јазик. Продолжил [[Егзархија|егзархиско]] основно образование во своето село. Завршил прогимназија во [[Битола]]. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во [[Солун]]. Во учебната 1895-96 год. се вработил како учител во [[Кавадарци]] каде и се вклучува во револуционерното дело. Од 1900-та година бил учител во Основното училиште во Битола. На 12 февруари 1902 год. е уапсен и осуден на смрт. Амнестиран е во февруари 1903 год. Учествувал на конгресот[[Смилевскиот конгрес]] во Смилевомај 1903 како претставник од Битола. За време на востанието бил војвода во [[Лерин]]ско.
 
По востанието доаѓа во Бугарија и пролетта 1904 год. се враќа во Македонија. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, [[Костур]]ско и Леринско. Во мај 1904 год. учествува како делегат на [[Прилепскиот конгрес]]. Следната 1905 год. учествува на [[Рилскиот конгрес]]. По војните се населува во Бугарија и е член на ЦК на [[ВМРО]]. Тесно соработувал со [[Александар Протогеров]]. По убиството на Протогеров, по наредба на [[Иван Михајлов]] (1928), се повлекува од активно учество во Организацијата.